Вонредниот професор Ричард Флечер спроведува истражување со татковци и семејства повеќе од 20 години. Тој ја почна програмата „Смсфордедс“ и е организатор на Австралиската мрежа за истражување на татковството. Тој дава неколку совети за тоа како татковците да изградат безбедна врска со своите деца.
Еден татко постави прашање токму на оваа веб-страница барајќи совет што да прави:
„Само што се вратив од Ирак и мојата ќерка, која има шест и пол месеци, не престанува да плаче кога и да ја земам в раце. Кога жена ми е подалеку од нејзиното видно поле, таа почнува да плаче. Колку подолго ја држам, толку полошо станува. Моите соседи од горниот кат ми рекоа дека звучи како некој да сака да ја убие. Не знам што да правам. Се обидував да ја држам и ја оставам да плаче додека не застане, но како што кажав, нејзиното плачење се влошува. Сакам повторно да се поврземе и многу сум очаен, па кога таа плаче, плачам и јас. Ако некој има совет да ми даде, би бил пресреќен да го прифатам“.
Што недостига тука? Овој татко се обидува да воспостави врска со својата ќерка. Тој е упорен дури и кога плачењето се влошува и кога и тој има наплив на емоции. Она што никој не му го кажал е како да се поврзе со неа. Овие информации би можеле да му помогнат:
Фактот дека е вообичаено бебињата да реагираат на непознати (секој што не го познаваат добро, по околу шест месеци), може да му помогне на овој татко малку да се релаксира.

Тој треба да разбере дека врската се случува низ кратки, повторени интеракции во рутинска нега (работи како облекување, хранење и менување на пелената). Врската не се создава само со нејзино држење и играње. Фактот дека неговата врска со неа и понатаму нема ефект врз врските во нејзиниот мозок ќе влијае врз тоа како таа ќе се справи со стресните ситуации во иднина. Ова може да му помогне да продолжи да се обидува.
Ако постојано се грижите за вашето бебе, тогаш формирањето на врската е загарантирано. Бебињата зависат од возрасните за да преживеат.
Дури и ако вашето време како татко е ограничено на капење или брза приказна пред спиење, сепак, ќе формирате врска.
Ова ќе го забележите веднаш штом вашето бебе ќе почне да оди. Во моментот кога ќе се вознемири или исплаши, ќе гравитира кон вашата нога или рака или кон кој било дел од вас. За бебето, тоа е безбедното место, единственото место каде што сака да биде кога светот изгледа непредвидлив или опасен.
Она што истражувањето го покажа е дека само врската не е доволна за бебето да се развие во самоуверено дете и возрасно лице.
Се чини дека врската му дава најдобри шанси на бебето да порасне во самоуверена личност тогаш кога е безбедна.
Кога врската помеѓу таткото и бебето му дава на бебето безбедна основа да го истражува светот, знаејќи дека таткото ќе биде таму тогаш кога му е потребен, тоа е безбедна врска. Ако бебето нема чувство на сигурност да го истражува светот, врската е несигурна.
Како можете да откриете дали врската е безбедна и сигурна? Во еден тест користен од истражувачите едногодишно дете доаѓа со својот родител во просторија каде што има играчки. По некое време родителот си заминува. Сосема природно, би очекувале детето да биде вознемирено, а кога родителот ќе се врати, очекувано е детето да сака да биде утешено.
Кога сцената е снимена со видео, честопати може да се види токму овој процес; бебето плаче кога родителот ќе замине, а кога ќе се врати, оди кај него и се смирува.
За овие деца се вели дека имаат вискоквалитетна врска со родителот. Откако ќе бидат утешени, тие брзо се враќаат на истражување на играчките и собата.
Запомни тато, и јас се обидувам да се поврзам со тебе. Од истиот тим сме
Сепак, има бебиња што ќе покажат јасна вознемиреност кога родителот ќе си замине, а сепак тешко реагираат кога ќе се врати. Ова однесување најпрво се сметало дека покажува дека детето е доста независно. Но, кога биле набљудувани повнимателно, истражувачите сфатиле дека овие деца не се грижат за тоа каде е нивниот родител затоа што ги затвориле своите емоции.
Кога родителите на овие новороденчиња биле набљудувани дома, било забележано дека тие ги обесхрабруваат своите новороденчињата да им приоѓаат кога се вознемирени. Наместо да им понудат утеха, тие им велеле работи како: „Погледни го ова“, „Еве нешто за тебе“, обидувајќи се да му го одвлечат вниманието на детето или пак биле лути на детето велејќи му да не биде плачко.
Бебињата кои реагираат на заминувањето на родителот како да не е важно, се вели дека имаат неквалитетна или несигурна врска и поврзаност.
Иако овие бебиња играат со играчките кога родителот ќе си замине, квалитетот на нивната игра е помалку имагинативен и истражувачки отколку на бебињата во групата со врски со висок квалитет. Истражувањата во последните пет децении покажуваат дека висококвалитетното поврзување со мајката и таткото може да му помогне на новороденчето поефикасно да управува со стресните ситуации. Ако вашето бебе може да ви каже како да се поврзете, еве што би рекло:
– Запомни тато, и јас се обидувам да се поврзам со тебе. Од истиот тим сме.
– Сите редовни работи како менување пелена и хранење се начин да се запознаеме подобро.
– Начинот на кој играш со мене ми помага да изградам мозочни врски, ти благодарам тато.
– Кога си со мене, не гледај само што правам, обиди се и да погодиш што мислам.
– Во ред е ако ти и мама ги правите работите поинаку. Можам да се поврзам и со двајцата. Ете толку сум паметно.