Ова не е обична приказна, туку е посебна, различна од другите. Зборува за душата, искреноста и љубовта. Главен јунак на оваа приказна е четиригодишното момче Мијат. Ох, тој е заљубен, а сè се случува во една градинка.
Трае активноста. Мијат баш и не сака да седи на едно место и да мирува. Сепак, седи и црта со другите деца – цртаме море и крајбрежје, групна работа. Секое дете додава по нешто на цртежот. Во еден момент, додека ги контролирам другите деца, сфаќам дека екипата што седи на масата со Мијат е невообичаено тивка. Приоѓам и имам што да видам. Мијат е целосно боен со фломастери. Насекаде траги од боја – по рацете, дланките, носот, вратот, брадата. Насекаде.
Мијат, што си направил?
– Не бев јас, учителке.
– Туку кој?!
– Мина.
– Дали е тоа вистина, Мина? Дали навистина ти така го исчкрта?
Мина гледа во својот лист и молчи. Ништо не зборува. Малку се срами, но се обидува да не ја видам.
Мијат и јас одиме до другиот крај на собата да се обидеме да ги отстраниме трагите од фломастерите колку што е можно и ако е воопшто можно. Да спасиме што може да се спаси.
– Па добро, зошто ѝ дозволи на Мина да те бои си фломастери така? Види. Погледни го твоето лице, твоите раце… Како мислиш сега да го измиеме ова?
Мијат молчи. Само гледа во рацете и безволно ги трие.
– Да, Мијат? Сакаш да ми кажеш нешто?
Секунда тишина.
– Па таа… таа е многу убава.