Дали детето се раѓа со способност да сака? Дали се раѓа со таква развиена вештина?

Сосема сигурно, повеќето мајки знаат дека детето се раѓа со потреби. Потреба за хранење, допир, некој вид утеха кога плаче и како што напредува развојот, на мајката ѝ е појасно како да одговара на потребите на детето.

Меѓутоа, способноста за сакање е вештина, па и потреба, која ќе се развие како и секоја друга. За вештини имаме предиспозиции со кои сме се родиле. Сме имале предиспозиција да почнеме да одиме, да зборуваме и така натаму – ако нашиот развој тече уредно.

Исто така, бебето се раѓа со предиспозиција да сака. Со текот на времето, преку односите со околината и другите, а особено со мајката, тоа почнува да сака. Така, прво ќе ја засака дојката на мајката, мајчиниот глас, шишето со млеко и другите објекти во околината. Така таа способност за сакање се развива, се гради на тој пат од детето кон светот и обратно.

Врз неа можеме да влијаеме на различни начини.

Сме слушнале дека љубовта е „топла“. Па како е топла? Со тоа што обично започнува со топол допир на мајката кон бебето, кога го дои, кога го бања… Затоа некако сите сметаме дека љубовта е топла, бидејќи започнала во нашиот развој од топлината на мајчинскиот допир.

Врз развојот на способноста за љубов може да се влијае и надворешно.

1. Со физички допир со бебето, подоцна дете.
2. Со охрабрувачки зборови и пофалби, значи со говор.
3. Со заеднички активности кои е можно да се остварат со доенчето и детето. Односно, квалитетно поминато време со детето.

Никако не сме беспомошни, дури ни пред толку мистичната појава каква што е љубовта.

Автор: Ивана Синѓиќ, дипломиран дефектолог и семеен психотерапевт



912

X