Здравје

Совети за долг живот од д-р Лејла Денмарк – педијатар до својата 103. година

Докторката Лејла била најстариот педијатар во светот. Починала во својата 114 година. Сè до нејзината 103 година работела како педијатар.

Родена е во Атланта како трето од единаесет деца, а кога во 1928 го завршила Медицинскиот факултет во Џорџија, била една од трите жени што тогаш дипломирале на истиот факултет.

Лејла учествувала во пронаоѓањето лек против големата кашлица, а во 1971 година ја објавила книгата „Шанса за секое дете“, во која се истакнува како првиот педијатар што забранува пушење во присуство на децата.

„Радикална сум кога станува збор за брзата храна и благото. За мојот роденден одбив да ја пробам мојата роденденска торта и воопшто не се каев за тоа. Седумдесет години не внесувам никакви шеќери, освен природните што се наоѓаат во овошјето. Благото побарајте го во другите работи што го прават животот, а не во храната“, изјавила во една пригода докторката Денмарк.

Таа во 2002 година ја објавила книгата „Докторката Денмарк рече така“, која претставува збир на текстови од најискусниот американски педијатар со совети за мајките низ светот. Една година подоцна, со полни 103 години и 3 месеци, таа отишла во пензија и со тоа официјално станала најстариот активен педијатар. Ги преживеала двете светски војни и 20 американски претседатели.

Кога ја наполнила 114. година, ја прашале каков совет би им дала на луѓето кои планираат да живеат до стотата година, таа рекла:

„Кравјото млеко и доволно количина вода се основата за долговечноста. Заменете ги овошните сокови со вистинско овошје и не заборавајте да се смеете. Во мојот случај, а верувам и кај другите луѓе, добрата смисла за хумор може да ви го продолжи животот“, рече таа.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top