Вообичаениот биоритам и стабилен сон на родителите често не се враќа на ниво од пред бременоста дури и по 6 години од раѓањето на првото бебе, открило ново истражување. Мајките на новороденчињата го преземаат поголемиот дел од обврските и поминуваат повеќе време будни во текот на ноќта со бебињата, покажува статистиката.

До нарушување на сонот кај родителите често доаѓа поради тоа што бебињата спијат почесто, а пократко. Но, мајките што се грижат за своето прво дете имаат поголеми шанси подобро да спијат од мајките што имаат две или три деца. Студијата истражувала 111 родители и нивниот ритам на спиење додека се грижеле за децата, од моментот на нивното раѓање. Со оваа секогаш актуелна тема се занимавале истражувачи од канадскиот универзитет „Макдил“, а студијата е објавена во списанието „Журнал за истражување за спиењето“. Интересно е дека е утврдено оти мајките со едно бебе имаат помалку прекинат сон, кој е и поквалитетен, во споредба со мајките со повеќе од едно дете.

Д-р Мари-Хелен Пенестри, автор на студијата, вели дека искусните мајки перципираат дека имаат пофрагментирано спиење од мајките што неодамна добиле бебе. „Тензијата во мајчинските врски може да се појави ако грижата за детето е само на едната страна и не се дискутираат и делат обврските на двајцата партнери“, вели таа.

Дополнителното спиење пријавено од татковците во споредба со нивните партнерки може да е резултат на фактот дека 96 проценти од татковците во студијата работеле во периодот на истражување. Следствено на тоа, двојките можеби одлучите дека мајките ќе бидат тие што ќе се будат ноќе за да се грижат за бебето – сметаат истражувачите. „Дали оваа ситуација е дискутирана од двајцата родители или се случила природно, допрва треба да се истражува“, додаваат тие. Мајките, пак, што имаат три или четири деца пријавиле дека имаат прекин на сонот почесто за разлика од мајките со едно дете, бидејќи не само што се грижат и го хранат бебето, туку тие се грижат и за другите деца.

Истражувачите велат дека стратегиите развиени од здравствените работници за еднаква поделба на грижата за децата и во денот и во ноќта би требало да бидат од помош. Тие треба да бидат скроени согласно секој член на семејството, во зависност од ситуацијата – земајќи предвид и други обврски, на пример, работните.

Автор: Рајан Морисон

Извор



912

X