„Сликовницата на Халки“ е забавно четиво што на интересен начин го објаснува процесот на правење сликовница од идеја до печатница. Љубопитното слонче Халки е во потрага по нови приказни за својата книга. Притоа, секоја приказна е раскажана од различно дете и на различна, но многу важна тема: екологија, инклузија, социјализација, другарство. Оригиналните илустрации се од уметникот Трајче Павлов, работени во традицинална техника. Книгата е со еко-бои и на еколошка хартија.

Халки и неговата дружина, ги едуцираaт децата и за значењето на уметноста, но и за читањето како убава навика.

„Сликовницата на Халки“ ја промовира и хуманоста. Средствата од продажбата целосно ќе бидат донирани за поддршка на децата без родители и родителска грижа од СОС Детско село.

-Во годината кога СОС Детско село одбележува 20 години од своето постоење, кога сме задоволни од сумирањето на сработеното во згрижување на децата без родители и родителска грижа, среќни сме што добиваме поддршка од голем и инспиративен проект како „Сликовницата на Халки“  – вели националната кординаторка на СОС ДЕтско село, Јулијана Накова Гапо.

Халки многу брзо стана еден од омилените ликови на децата во Македоднија. Тој е добродушното слонче што ги разбира децата и кога се среќни и кога се тажни. Неговите пораки се силен влог во иднината, во идни генерации што ќе го разликуваат доброто од лошото, убавото од грдото, ќе ја препознаваат уметноста и ќе ја поддржуваат креативноста.

(Комерцијална објава)



912

X