„Светот на Биби“ е неуморлив, постојано раѓа нови приказни, нови авантури за своите гледачи. На нејзиниот јутјуб-канал Биби/Bibi може да ја гледате сказната „Скриената долина“. Се прашувате што ли крие оваа сказна?
Биби и Боби и овој пат ќе запознаат ново другарче. Тие го шират своето друштво и се убедени дека колку повеќе другарчиња имаме, толку побогати сме.

Во приказната на авторката Билјана Црвенковска децата ќе запознаат еден тажен еднорог кој си го изгубил својот рог и не е волшебен како сите еднорози во скриената долина. Но, Биби и Боби ќе му помогнат на малиот еднорог повторно да биде среќен.
Во „Скриената долина“ Биби ни открива дека некогаш мааните ни се како скриени волшебни крилја. Режисер на сказната е Гоце Цветановски, а арт-директор – Михајло Димитриевски-Тхе Мичо. Улогите на Биби и на Боби ги толкуваат Слаѓана Вујошевиќ и Сашко Коцев.



912

X