Швеѓаните не им нудат вечера на децата што им доаѓаат на гости. Еве што ни кажува тоа за културата на храната

Од ќофтиња и колачи до супи и морски плодови, Шведска е позната по својата обилна кујна. Позната е и како една од земјите со највисок квалитет на живот и е на врвот меѓу најсреќните земји во светот.

Можеби ова е причината што на „Редит“ и „Твитер“ беше објавена веста дека Швеѓаните не им нудат вечера на туѓи деца. Како што напиша авторот на една објава, додека како дете бил кај пријател, семејството вечерало заедно и се очекувало тој да чека.

Некои Швеѓани го поддржаа ова тврдење и рекоа дека ненајавените гости често не се земаат предвид при планирањето на оброците и дека храната не се нуди од почит кон родителите на детето кои можеби планирале вечера дома.

Затоа, под ознаката Swedengete започна опсежна дискусија за гостопримството во Шведска и во странство.

Антропологија на храната

Храната и јадењето носат културни значења кои наметнуваат ред во тоа што се јаде, кога, како и од кого се јаде. Социјалните антрополози долго време проучувале како јадат луѓето и што кажува тоа за културните норми.

Во 60-тите години работата на Клод Леви-Строс спроведена меѓу бразилските домородни народи ги истакнала воспоставените културни навики во подготовката на храната и како овие практики можат да бидат информативни и да дадат подлабок вовед во културата на општеството.

Анализата на француското друштво на Пјер Бурдје, спроведена во 80-тите години, покажала дека способноста на една личност да покаже „добар вкус“ е поврзана со моќта и нејзината позиција во општеството.

Антрополозите, исто така, го истражувале друштвото во кое се наоѓаме за време на оброците.

– Во сите општества споделувањето храна е начин да се воспостави блискост, додека, обратно, одбивањето да се сподели е еден од најјасните знаци на дистанца – вели британскиот антрополог, Морис Блох.

И лесно е да се примени во вашите животи. Повеќе сакаме да јадеме со пријатели отколку со непознати.

Нудење оброци

Според дискусијата на социјалните мрежи, во Австралија и во повеќето земји физичкото присуство треба да доведе до покана за седнување на маса и јадење. Но, твитер-корисниците открија дека тоа не е практика ниту во другите нордиски земји, за разлика од гостопримливите области на Европа и Азија.

Се споменува и древната култура на нордиските викинзи во која понудениот оброк се сметал за подарок или долг што треба да се врати.

Споделување оброци на Исланд

За потребите на истражувањето, авторот на текстот Тимоти Хефернан во 2008 година го набљудувал начинот на кој бил третиран од домаќините меѓу исландските семејства.

Во една пригода седел како гостин меѓу седумчлено семејство на голема маса. На друг настан, неколку познати личности седеле стуткани околу кујнската маса со само четири столчиња. Јаделе храна од неколку чинии.

Но, Исланѓаните не секогаш сакаат да јадат во друштво на луѓе кои не ги сакаат.

– Еднаш излегов од ресторан кога влезе банкар поврзан со економската криза. Само го погледнав и излегов. Ние не простуваме, ниту забораваме, барем не на овие луѓе. Ние сме пристојни, не викаме, само си заминуваме. Нека го имаат ресторанот сами за себе – му рекла на Хефернан една жена што ја интервјуирал.

Значењето на оброците

Нудењето или одбивањето оброк може да зборува за социјалните односи. #Swedengete покажува како поканата за вечера може да зависи од историскиот преседан, очекувањата на родителите или фрлањето храна. Неканењето храна не е чин на негостопримство, туку само укажува на културните норми, без разлика колку некому му се чудни.

– Избрзаните процени за храната не се секогаш точни. Отсекогаш имало подлабоки значења зад поканите за ручек или вечера. Можеби најинтересното нешто за #Swedengete не е она што ни го кажува за Шведска, туку за нас самите – заклучува Хефернан.

Извор



912

X