Игротека

Сфатив дека пред да станам мајка, мора да го подобрам односот со мојата мајка

Мајка ми беше револуционерна. Го живееше животот апсолутно автентично, изразувајќи се точно онака како што се чувствуваше, дури и во моменти што општеството ги сметаше за „несоодветни“. И тоа значеше дека се чувствува моќно како огнот што гореше во неа и сакаше толку бестрашно како зборовите што излегуваа од неа секој ден.

Таа беше револуција од нејзината мајка, и мајката на нејзината мајка – жив пример за сите мајки и баби што го поддржале востанието, земајќи си и освојувајќи место за себе во системите што сакаа да ги покорат.

Поради ова, мајка ми ги познаваше борбите. Таа го наследи тоа од нејзиниот татко, кој пак беше родител какви што беа наставниците кои не се однесувале добро со него, во училиште полно со дисфункција, зависности и злоупотреба.

Мајка ми се бореше со нејзината улога на родител, исто како нејзиниот татко. Но, под сите тие слоеви на траума, загуба, тага и насилство, таа беше востание на автентична автохтона љубов.

Пред да станам мајка, знаев дека беше важно, односно од витално значење да го пронајдам тоа место на автохтона љубов во себе. Се обврзав да ја поправам мојата врска со мајка ми за да прекине овој циклус на раздор и злоупотреба. Требаше да се осигурам дека моите идни деца ќе имаат можност да растат во простор на оваа автохтона љубов.

Сфаќам дека нејзините тактики на засрамување ги користеле наставниците порано

Бесот на мајка ми ме затвори како дете. Сфаќам дека нејзините тактики на засрамување ги користеле наставниците порано. Еднаш, кога бев тинејџерка, се осмелив да ѝ вратам. Истрчав горе, срцето ми чукаше лудо, телото ми вибрираше од страв. Таа влета во мојата соба и почна да ми ги кине постерите од ѕидовите. Во нејзината рака беше кантата за ѓубре, нејзиниот уред за казна.

– Ова е затоа што ми враќаш и презборуваш – рече таа.

Срцето ми се скрши. Таа викаше и викаше, а јас липав.

Ова не беше само еднаш. Имаше многу расправии и навреди, закани и физичко насилство. Понекогаш, ако покажев емоција, ќе ме плукнеше. Други денови, ме срамеше. Секојпат го обвинуваше нејзиниот татко.

– Извини – ќе речеше по расправијата. – Истото ми го правеше мене татко ми. А и полошо.

Злоупотребата ескалира до моментот кога наполнив 18 години и си заминав. Универзитетот беше мојот спасител, иако вештачки. Ја сакав мајка ми со целото срце, но болката што се провлекуваше низ моето воспитување беше преголема и на крајот ме следеше на училиште. Бидејќи насилната љубов беше единственото нешто што го познавав, јас бев токму во таква, насилна врска.

Три години трпев навреди, закани и физичко насилство од момчето за кое мислев дека ме сака. Во тоа време работев во еден центар на заедницата, со млади луѓе. Додека проповедав трезвеност, здрави односи и љубов кон себе, живеев спротивно. Морав да направам промени. Време беше да ја избркам секоја токсичност од мојот живот.

Не знаев дека работите ќе се влошат пред да можат да се подобрат.

Го оставив, го променив мојот телефонски број, но една вечер тој ме најде. Влезе во мојот дом и ме силуваше. Неколку часа потоа, под туш, се триев и плачев. Потоа донесов одлука: повеќе нема да бидам жртва.

Се отрезнив. Одлучив да ја напуштам улогата на жртва во односот со мајка ми. По еден особено навредлив телефонски повик, ѝ реков дека завршив со неа. На крај, „се разведов“ од мајка ми и сите општествени очекувања и идеали за тоа какви треба да бидат односите мајка-ќерка и поимите за тоа што е мајка.

Наредната година односот замрзна. И двете баравме помош. И двете силно им се молевме на нашите предци. И двете се лекувавме. А најмоќното во врска со тоа беше дека не знаевме дека и двете го правиме тоа во исто време.

Имав 22 години кога ја видов мајка ми. Ѝ се јавив една вечер, откако долго време го немав слушнато нејзиниот глас. – Здраво, мамо – ѝ реков. Долго време плачевме, разговаравме и направивме планови да се видиме. Мајката со која разговарав беше нова, полна со живот и љубов – таа се излекува од нејзиното минато, кое беше нарушено од ефектите на генерациите на деценискиот обид за геноцид и искуствата од нејзиниот татко и неговото влијание. И мајка ми на крајот ја виде својата ќерка.

Простувањето беше тешко – простувањето на мајка ми значеше дека морам да им простам на злоупотребите што колонијализмот му ги нанесе на моето семејство. Тоа значеше да си простиме себеси што долго време го држевме бесот и развивавме токсично однесување.


Но, со тоа простување ја родив сопствената револуција. Откако ѝ простив на мајка ми, нашите животи станаа серија спомени за кои ќе се зборува долго време откако ќе си заминеме од овој свет. Пет години подоцна, кога ѝ кажав дека ќе стане баба, плачеше од радост. Кога го слушна чукањето на срцето на бебето, толку силно заплака, што целата клиника ја слушна. Беше пресреќна што ќе биде баба. Постојано му зборуваше на мојот стомак, дури и тогаш кога сѐ уште не се гледаше дека сум бремена. Постојано наоѓаше информации што ги споделуваше со мене за тоа како е да се биде мајка.

Но, работите се променија. Една вечер, кога ѝ се јавив, ми рече дека има навистина лоша мигрена и ѝ треба помош. Знаев дека е нешто повеќе. Му се јавив на вујко ми. Веднаш ја однесе во мала локална болница. Последните зборови што ми ги кажа беа: – Ќе ти се јавам, ми се лоши.

Имаше аневризма што еруптира. До моментот кога пристигнавме, нејзиниот мозок беше мртов, а таа на апарати.

Таа ми покажа дека и покрај тоа што живеевме во сиромаштија, сепак можеш да им направиш забавен ден на своите деца

Тогаш сфатив колку работи ме научи мајка ми за силата. Ме научи да бидам силна во време на криза, а таа сила значеше чест и добредојде на секоја емоција што доаѓаше со неа. Така, донесов тешка одлука да ги исклучам апаратите, поддржувајќи ја нејзината желба да не биде на апарати подолго од 24 часа. Мајка ми ме научи да го славам животот и да сакам, дури и во време на длабока, длабока болка. Така, тоа го сторивме, со четиридневно славење на животот со огномет, храна, пријатели, забава и солзи.

Таа ме научи дека да тагуваш значи да сакаш. Така, тагував и сакав. Бев бремена 19 недели, без мојата мајка. Плачев. Викав. Липав. Се молев. Ја оставив целата болка да излезе за да не ја почувствува моето дете. Срцето ми беше скршено, но ја собрав целата енергија што можев.

Се сетив на најголемите животни лекции на мајка ми. Таа ми ги покажа последиците што можат да се случат ако не работите на вашите проблеми. Таа ми покажа дека и покрај тоа што живеевме во сиромаштија, сепак можеш да им направиш забавен ден на своите деца. Таа ми покажа дека трезвеноста е првиот чекор за да откриеш кој си. Таа ми покажа дека е привилегија да се практикуваат поуките на предците, традиции и протоколи со нашите деца како домородна жена и мајка.

Циклусот на нефункционални родителски практики на крајот е прекинат. Еден мал пример за ова е како јас и мојот партнер го следиме емотивниот израз на нашата ќерка. Под колонијализам, нè учеа дека децата не треба да плачат. Но, сега на нашата ќерка ѝ покажуваме моќ во изразувањето на сите емоции. Понекогаш сè уште жалам за мајка ми и плачам пред ќерка ми. На двегодишна возраст, Ривер-Јаксен зјапа во мене додека плачам, а јас ѝ објаснувам: „Ми недостига мајка ми“ и „Понекогаш и мама мора да плаче“. Таа ќе ми го потчукне рамото и ќе продолжи по својот пат. Секогаш кога ќерка ми чувствува страв или е вознемирена, ние исто така ја потсетуваме дека може да почувствува сè што треба да чувствува и да изрази и ослободи каква било емоција. Таа веќе учи однесување на емоционално изразување.

Ѝ покажувам на мојата ќерка преку песни од нејзините татковини, преку зборови и во Нехијав (Кри) и во Анишинаабе (Оџибвеј), и на крајот преку бестрашен израз на човечка емоција, да биде своја во секој израз на нејзиното битие, е апсолутно неверојатно.

Автор: Андреа Лондри, професорка, терапевт и бранител на правата на домородците и домородниот начин на живеење

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top