Понекогаш самохраниот родител е всушност лице што е во брак. Поради тој „општествен статус“, не е препознат како правна, ниту како општествена категорија, која е навистина чувствителна.
Сите познаваме некоја мајка чиј сопруг речиси никогаш не е дома, кој живее паралелен живот (често и љубовен), не учествува во воспитувањето на детето ништо повеќе од разведените татковци, не помага во домашните обврски, многу малку или не учествува воопшто во финансиската состојба на семејството, додека таа најчесто работи, па се добива случај, најчесто на жена, која е „сама во бракот“, а и „самохран родител во бракот“.
Ништо не им е полесно на овие жени, кои како правна и општествена категорија се препознаени како „самохрани мајки“. Верувам дека само имаат помалку сила и повеќе страв да ја напуштат таа брачна заедница, но сум сигурна дека им е многу тешко и напорно, па поддршката им е неопходна. Верувам и дека често не сакаат да зборуваат за вистинската состојба на нештата бидејќи, всушност, сакаат да го зачуваат изгледот на „среќно семејство“, кој важи за надворешниот свет, додека внатре всушност многу патат.
Автор: Ивана Синѓиќ, психотерапевт и дефектолог