Пепа, Олаф од „Снежното кралство“ и мињоните се само некои од декорациите што ги прави овој креативен татко за да ја мотивира неговата ќерка да јаде здрава храна.

До ова креативно решение дошол кога сфатил дека претерал со нездравата храна. Како што вели, една од омилените креации му е храната декорирана во стил на филмот „Снежното кралство“. Откако го применува овој метод, неговата ќерка со насмевка го јаде целиот зеленчук. Откако почнал да ѝ приготвува вакви оброци, забележал дека заинтересираноста за неговите декорации се проширила, па сега размислува своите идеи да ги преточи во книга.

– Пред неколку години станав самохран родител и еден период западнав во една рутина. Најчесто правев помфрит и пилешко. Но, еден ден, кога мојата ќерка ми побара пилешко, сфатив дека тоа е погрешно. Сфатив дека тоа ми премина во навика и морав да направам некаква промена. Оттаму ми дојде идејата за здрава верзија на „Мекдоналдс“. Тоа беше првото нешто што го декорирав – вели Мајкл.

Потоа идеите се нижеле една по друга, па интензивно почнал да размислува за други забавни работи што може да ги направи со помош на храната.

– Многу луѓе ми рекоа дека треба да напишам книга. Тоа е дефинитивно нешто за кое размислувам да го направам во иднина – вели Мајкл.

Неговите декорации привлекоа големо внимание, особено декорациите со диносаурусите и ерупцијата од вулканот од грашок и пире.

– Животот на самохран родител не е лесен. Некои активности повеќе не можам да ги правам бидејќи морам да сум дома со мојата ќерка, а готвењето отсекогаш ми беше страст. Така, целта ми беше да ја натерам Силвија да јаде разновидна храна, а воедно со тоа успеав и да најдам нешто што ќе ми ги окупира мислите – вели Мајкл.

Извор



912

X