Повеќето од нас пораснаа во средина каде што фокусот секогаш беше на грешката (на пример, „зошто имаш четворка, а не петка?“). Овој модел создаде возрасни луѓе кои денес имаат остар внатрешен критичар, постојано си наоѓаат мани и патат од докажување, губејќи ја сопствената смисла.
За да го прекинеме овој круг кај нашите деца, мора да започнеме со вистинска потврда. Таа не значи празни пофалби како „Браво, ти си најдобар“ (што само создава зависност од туѓо мислење), туку нешто многу подлабоко:
- Да му ставиме до знаење на детето дека вреди само по себе, со тоа што постои.
- Гласно да го именуваме и посочиме неговиот реален труд.
Наместо „Браво“, кажете му: „Видов дека се трудеше да ја завршиш задачата иако ти беше тешко“ или „Забележав дека трпеливо почека, иако беше нетрпелив“.
Ова е клучно затоа што нашиот родителски глас со текот на годините станува нивен внатрешен глас. Со оваа едноставна промена, да го забележуваме и именуваме она што е веќе добро – кај детето градиме доживотна сигурност, соработка и внатрешна сила.
Погледнете го целото видео: