Повремените стравови се неизбежен дел од детството, објаснуваат психолозите. Некои деца се плашат од грмотевици, други веруваат дека во нивниот плакар се крие чудовиште, додека трети се плашат од духови или темница. Кога ќе се појават овие стравови, природно е родителите да го смират и утешат детето, да му објаснат дека нема од што да се плаши.

Сепак, експертите објаснуваат дека родителите не треба секогаш да интервенираат. Тие тврдат дека подучувањето на детето како да управува со своите стравови без родителска интервенција ќе му помогне да изгради самодоверба и независност што му се потребни за да чувствува дека има повеќе контрола, а помалку страв, како во детството така и подоцна кога ќе порасне. Според психолозите, вообичаените стравови што најчесто се јавуваат кај децата се:

-страв од самотија
-страв од темница
-страв од кучиња или некои други животни
-страв од инсекти
-страв од височини
-страв да оди на лекар или да добие инјекција
-страв од непознати или гласни звуци
-страв од имагинарни суштества (духови, чудовишта од плакарот и слично).

Најчестиот од сите овие стравови е стравот од темница. Неговото официјално име е никтофобија, а кај некои деца овој страв може да предизвика многу интензивни симптоми. Некои од физичките симптоми се потење, отежнато дишење, стегање во градите, треперење, вртоглавица или стомачни тегоби.

Емоционални знаци се паника и анксиозност, чувство на губење контрола, очајна потреба да се избега од ситуацијата или чувство на немоќ над сопствениот страв, објаснуваат психолозите. Стравот од темнината обично првпат се појавува на возраст од три или четири години.

Извор



912

X