Психологот Јелена Марушиќ од Србија зборува за тоа на кој начин може да се препознае проблем и како да се разговара со детето за тоа да ни каже што чувствува. Таа споделува многу важни работи и објаснува дека би требало на своите деца да им бидеме потпора и да бидеме сигурни дека секогаш ќе ни кажат ако се несреќни, ако некој ги повредува или злоупотребува. Како што вели, важно е да се запомни следното:
– Научете ги да мислат со своја глава (да промислуваат, да даваат коментари, критички да ги согледуваат поставените прашања).
Кај помладите деца, додека заедно гледате цртан филм, зборувајте за тоа што се случува, што е добро, а што лошо и зошто. Тоа важи и за приказните што им ги читате. Колку повеќе прашања од страна на децата, толку подобро.
– Кога заедно ќе забележите некое несоодветно прашање кај другите, прашајте ги што виделе и како тоа им изгледа. Со постарите деца, особено кога поминуваат низ пубертет, важно е родителите да бидат отворени за различни теми, колку и да се непријатни.
-Да знаат да го бараат за себе она што на другите им го даваат (почит, грижа за другите, фер однос…)
Ако повеќе пати му повторувате на детето дека е безобразно, глупаво, дебело, тоа не е добро – многу е веројатно дека ќе поверува. Или ако сте дел од такво опкружување, ќе ви биде нормално на тој начин да комуницирате. Се разбира дека ќе има луѓе кои ќе упатуваат вакви навреди, но она што можеме да го направиме е да ги зајакнеме децата со дополнителни вештини.
Меѓутоа, здравиот авторитет се гради врз основа на почит и доверба, а не на страв
Техниката на асертивно делумно редење може да се примени во ситуации кога некој нè навредува. Ја прифаќаме одговорноста за она што сме го сториле, но не и делот кој е упатен на нашата личност. На пример: „Да, не ја научив лекцијата, но тоа не значи дека сум глупава.“ „Да, ја скршив играчката, но тоа не значи дека сум безобразна.“ Во денешното општество уште е присутно верувањето дека апсолутната послушност мора да постои. Родителите веруваат дека строгоста значи дисциплина и градење карактер. Како да ја препознаат границата која веќе покажува дека не се работи за здрав авторитет?
Довербата е нешто што се гради со години. Децата стекнуваат доверба во своите авторитети. Веруваат во нивните зборови, зошто е нешто потребно да се направи. Главно прва асоцијација на авторитет е послушност. Меѓутоа, здравиот авторитет се гради врз основа на почит и доверба, а не на страв. Порано воспитувањето било такво што наставникот секогаш бил во право. Денес за правата на децата многу се зборува. Многу говорам за тоа колку е важно да постои соработка помеѓу воспитувачите, учителите, наставниците, тренерот (секоја личност која се занимава со нашите деца) и родителите. Бидете љубопитни и поставувајте прашања, како на децата така и на лицата кои се занимаваат со вашите деца.
Не е важно само дали детето јадело или спиело во градинка. Прашајте го воспитувачот кои активности ги сака во градинка, што му оди потешко? Кои бели ги прави? Прашајте го детето: Што ти беше забавно? Што направи за воспитувачката да те прекори? Како се чувствуваше? Како реагираше воспитувачката кога направи проблем? Која активност најмногу ја сакаш? Што не ти се допаѓа? Не е важно само дали покажало знаење на училиште и добило 5. Бидете љубопитни за тоа како детето го поминало денот, како било на голем одмор, како учителката ја решава ситуацијата која некое од децата прави проблеми, со кого се дружи, зошто со некои деца сепак не сака да се дружи. Дали некогаш учителката вика? Детето не го знаело материјалот, па што му кажало на учителот? Како се однесуваат другите деца? Дали некој го малтретира/навредува? Дали тоа се согледува или се бара помош од учителот? За детето да разбере што е навреда, мора да знае дека никој нема право да го нарекува дебелко, глупавко… Дека тоа не е во ред.

Веруваме дека голем број родители денес се прашуваат – дали моето дете би ми кажало ако трпи нешто такво. Што можат да направат родителите на мали деца, а што оние на тинејџери за да изградат однос кој ќе овозможи голема доверба? Разговори, објаснувања, одговори на нивното зошто… Мораме да бидеме јасни и директни за некои непријатни работи. На пример, кој смее да го допира детето освен мајката и таткото – смее воспитувачот кога детето оди во тоалет, но само за да го избрише и пресоблече. Тоа треба многу јасно да му го кажете на детето. Истото важи и кога ќе тргне на училиште. Бидете специфични за тоа дека не е во ред кога ги допираат.
Дали тоа што на децата во нашето општество им е забрането да кажат „не“, „не сакам“ во малите секојдневни работи станува проблем
Тинејџерите, пак, сакаат независност и се случува да испратат порака дека сакаат родителите да се тргнат од нив, но тие всушност го сакаат спротивното – да бидеме тука за нив. Водете разговори за тоа како изгледаат здрави врски, а што се болни односи. Може да се случи спротивниот пол да нè наведува на некои дела за „наше добро“. Затоа е важно да бидеме директни и искрени со младите во врска со тоа што е злоупотребување. Ако некој нè повредува, ако некој ни упатува навреди, ако сака да нè промени, нè присилува на одредени работи, таа личност не е добра за нас.
Конечно, дали верувате дека тоа што на децата во нашето општество им е забрането да кажат „не“, „не сакам“ во малите секојдневни работи, станува проблем поради кој тие не се способни да постават лични граници и да се одбранат?
На ова се работи повеќе во последно време. Детето мора да има право да каже НЕ, да има став дека нешто не му се допаѓа, да не дозволува никој во градинка/училиште да му вика или да го тепа. Одземањето на ова право на детето прави да се гради уверување дека тоа вреди само тогаш кога е послушно. Кога ќе порасне, многу е веројатно дека ќе се повлече, нема да се зазема за себе. Обично таквите деца растат во пасивни лица кои се одличен „плен“ за поагресивни типови. Замислете само како би ви било вам да го немате ова право. Како би се чувствувале?
Автор: Јелена Марушиќ, психолог