Купувач во маркет за храна во САД бил нападнат од родители откако на интернет споделил дека смета оти на децата би требало да им се забрани да се возат во количките за купување. Тоа го признал во една фејсбук-група, дека тие деца многу го нервираат, но набрзо се соочил со многу критики.

„Навистина ме нервираат деца во колички во кои би требало да се става храна. Постои ли уште некој што мисли дека продавниците би требало да ја забранат оваа практика?“, прашал човекот.

Неговата објава многу брзо добила речиси 2 илјади коментари, а повеќето воопшто не се согласуваат со него. Се обиделе да му објаснат дека родителите немаат друг избор бидејќи во спротивно би морале да ги бркаат децата низ целата продавница или постојано да стравуваат дека некој од купувачите случајно ќе се удри во нивното дете.

„Очигледно никогаш не сте биле задолжени за чување дете во маркет. Децата се диви. Кутрите мајки, само се обидуваат да излезат живи“, заклучила една мајка.

„Се жалиш. Буквално мојот најдраг спомен од детството е како седам во количката и уживам во животот. Ти си злобен“, му порачал друг корисник на „Фејсбук“.

„Кога би ја гледал својата работа, можеби тоа не би те нервирало толку“, остро додала трета корисничка.

Извор



912

X