Пред неколку месеци јас и мојот син требаше да вечераме и му дадов две опции за ресторан: „Кракер барел“ или „Аплби“. Бев прилично уверена дека ќе го избере „Аплби“ и веќе размислував за специјалитетот. Но, тој се одлучи за „Кракер барел“ и моите надежи беа уништени. Се насмевнав и возев до „Кракер барел“ бидејќи одењето во ресторанот што децата го избираат е речиси една од главните жртви да се биде мајка.

Но, не и единствена жртва. Постојано ги ставаме потребите на нашите деца пред нашите. Ако не сме внимателни, може да станеме огорчени. Може дури и да се налутиме кога нашите деца ќе имаат уште едно барање од нас, кога сè што сакаме да направиме е да гледаме телевизија или да спиеме. Но, нашите деца ги ставаме на прво место затоа што им требаме. Можеби е тешко да се откажеме од она што го сакаме, но овие прекрасни жртви ги прави секоја мајка затоа што целосно вредат да ги направи.

Нашето тело – Од сите жртви да се биде мајка, ова е она на кое се потсетуваме секогаш кога ќе се погледнеме во огледало. Бременоста и доењето можат да остават трајни траги. Висната кожа, стрии и дополнителна тежина се доказ дека нашите тела имале нов живот во нив. Можеби сакаме да ги прикриеме или да ги избришеме ако е можно, но тие служат како постојан потсетник за убавината на мајчинството и љубовта што ја имаме кон нашите деца.

И не само бременоста и доењето оставаат траги. Секоја мајка, без разлика дали нејзиното дете е биолошко, згрижено или посвоено, знае колку ѝ биле исцрпени рацете и нозете кога носела преголемо шестгодишно дете в раце или колку може да биде непријатно болното дете да заспие во вашиот скут, а вам ви се оди во тоалет. Мајките ќе издржат секакви болки за доброто на своите деца.

Нашиот сон – Дали мислевте дека се пријавивте за делот за лишување од сон само една година? Неодамна прочитав една студија која сугерираше дека родителите може да очекуваат нарушен сон шест години по раѓањето на нивното дете. Тогаш, токму кога мислите дека можете да се вратите на спиење во текот на ноќта, вашето дете станува тинејџер, а вие го губите сонот од сосема други причини.

Но, лишувањето од сон со малите деца значи многу дополнителни гушкања, а со тинејџерите, тоа значи дека вашите деца ги протегаат крилјата и се подготвуваат да летаат. Тоа може да ве натера да се грижите, но вашата жртва им покажува на вашите деца дека ќе бидете тука за нив доколку паднат.

Нашето време – Времето на мајката не е нејзино. Колку пати сме се надевале на тивка вечер откако децата ќе легнат в кревет, а само неколку моменти подоцна ќе ги слушнеме извиците „мамо“? Колку пати сме планирале прекрасни семејни активности, само за да мораме да ги откажеме затоа што детето се буди болно?

Времето на мајката не е нејзино.

Постојано се откажуваме од времето, но со правилен начин на размислување, тоа време не мора да се губи или да е залудно потрошено. Некои од моите најдобри спомени од детството беа направени додека бев болна в кревет, а мајка ми се грижеше за мене. Времето од кое се откажуваме може да се трансформира во убави спомени.

Нашата омилена храна – Лично, чувствував дека правам огромна жртва поради одењето во „Крекер барел“, но го направив тоа затоа што тоа го сакаше мојот син. Децата го менуваат начинот на кој јадете. Поставувањето добар пример за нив може да значи повеќе зеленчук и помалку колачиња. Тоа може да значи брзо зграпчување сè што можете да јадете со една рака. Ако пиете кафе, тоа веројатно значи пиење студено кафе.

Но, овие жртви нè тераат да ги цениме добрата храна и топлото кафе многу повеќе, заедно со оние вечери сами со вашиот сопруг (кога можете да нарачате што го сакате).

Нашата иднина – Децата го менуваат вашиот живот засекогаш. На почетокот тоа значи помалку ноќни излегувања, повеќе пропуштени социјални ангажмани, помалку време за вашите потреби и повеќе време поминато во парковите и игралиштата. Мајчинството значи бескрајни спортски тренинзи и развозувања на децата на воннаставни активности.

На крај, тоа ќе значи свадби, внуци, а можеби и правнуци. Жртвите што ги правиме денес го отвораат патот за убава иднина исполнета со љубов и радост, но тие жртви што ги правите сега можат да бидат и убави. Сè е прашање на перспектива.

Автор: Шенон Витмор

Извор



912

X