Никој не сака и не може да дискутира за одлуката на родителите и нивната политика за мобилни телефони. Но, што е со родителите кои овие правила ги прошируваат на другарите на нивните деца што доаѓаат да ги посетат и да играат во нивниот дом?
Излегува дека родителите се прилично поделени. Авторката и активистка Гленон Дојл неодамна сподели објава за строгата политика што ја води кога доаѓаат да ги посетат другарите на нивните деца.
– Многу ги сакам другарите на моите и сакам тие да си разговараат кога ќе дојдат во нашиот дом. Значи, ги проверуваме пред врата. Тоа може да го направиме бидејќи ние сме „шефови“ во оваа куќа. Тие се малку огорчени на почеток, но потоа се чини дека им е полесно. По една минута се погледнуваат. И разговараат. И се смеат и се забавуваат. И се потсетуваат дека се со своите другари, така што нема потреба да се на друго место – напиша таа на „Фејсбук“.
Објавата, која собра повеќе од 60.000 лајкови, предизвика дебата. На изненадување на многу родители кои се согласија со нејзиното мислење дека екраните спречуваат да се негуваат вистинските односи, многу луѓе беа против нејзината одлука.
– Помислата на тоа дека мојата ќерка има бариери и не може да дојде до мене кога е во туѓа куќа ме плаши – беше еден од коментарите.
– Само за потсетување, некои деца наоѓаат утеха во нивниот телефон. На некои деца им е потребна храброст да се дружат со пријателите, а телефоните им ја даваат таа утеха – вели друг.
Неколку луѓе ја бранеа идејата, додавајќи дека мобилните не се „заклучени во трезор“, туку оставени во корпата до вратата, лесно достапни ако се појави потреба да се искористат.
Какво е вашето мислење кога станува збор за мобилните телефони?