Таа е едно дете, така?

Мајката на едно девојче и блогерка, Сем Темса-Денискин, ја напишала својата исповед во врска со нејзиното чувство и коментарите со кои се соочува како мајка на САМО едно дете:

Здраво, знам дека тукушто се запознавме. Да, нашите две деца убаво си играат и се забавуваат на игралиштето и затоа како родители сме задолжени да се дружиме и да разговараме. Двајцата одат во градинка? Супер! Дали спие цела ноќ? Да! Супер, супер и мојот син исто така. Но, само по пет минути ваков незадолжителен разговор ти поставуваш едно од најопасните прашања за мене.
„Таа е едно дете, така?“ Ме забоде право в срце и се молам ќерка ми да не го слушна тоа.

А сега малку да се вратиме назад и ќе ти објаснам.

Додека гордо гледав како мојата ќерка му се приближува на твојот син, собирајќи ја целата своја храброст за да го допре за рака и да праша дали би сакал со неа да се качи на мостот, ме прашуваш колку години има таа. Не тргајќи го погледот од неа, велам со горда насмевка дека има три години. Таа е моето срце и душа. Таа е сѐ мое. Потоа немирно ја гледам таа слатка сцена како исчезнува во истиот момент.

Нејзиниот син фрла камен кон мојата ќерка, вели дека не сака да се качи на мостот и бега врескајќи. Типично однесување за мало дете. Но, мојата слатка, храбра, сочувствителна ќерка доаѓа кон мене со солзи во очите, барајќи потврда дека понекогаш децата едноставно не сакаат да играат.

Таа нема ни брат ни сестра?

Срцето малку ми се скрши бидејќи знам дека ова е една од многу тешките лекции што ќе мора да ги совлада во животот. Ќерка ми обрнува внимание на тие информации, ги брише очите и оди да игра со насмевка на лицето. Воздивнувам со олеснување. Ја гледам и тогаш се случува тоа – страшниот коментар! „Таа е едно дете, затоа е толку чувствителна“. Тоа ми го кажува со супериорен тон, како да мисли дека сочувството и чувствителноста се карактеристики на детето единец. „Да“, одговарам вознемирено додека одам кон своето девојче, одведувајќи го во другиот дел од игралиштето.

Го знам јас тоа, не е таа ни прва, а ни последна што ќе ми го каже тоа.

Тоа прашање е еден од најопасните коментари на игралиштето. Ако не знаете зошто, дозволете ми да објаснам.

Размисли двапати

Прво, не знаеш зошто е таа единствено дете. На основата на која го поставуваш прашањето, претпоставувам дека никогаш не си доживеала трагедија. Да сте имале вистинска трагедија, двапати би размислиле пред да кажете такво нешто – навидум безопасна реченица. Трагедијата на спонтан абортус. Трагедијата на губиток на дете. Трагедијата дека не сакам да бидам мајка, но општеството или околностите го бараат тоа од мене. Или, во мојот случај, трагедијата на 10-годишната борба со неплодност.

Да, куп пари дадени на третмани и небото ме благословило со ова прекрасно, слатко ангелче. Неплодноста е трагедијата на мојот живот. Но, сепак, чудесно заврши со здраво дете. Имам повеќе среќа од многу жени.  Засекогаш сум благодарна и не можам да барам повеќе. Таа е чудо. Јас физички и економски не можам да имам друго. Тоа е суровата реалност на која морам да се навикнам.

Второ, те молам немој тоа да го зборуваш и мојата ќерка да те чуе. Твојот бесчувствителен коментар ги поткопува чувствата на моето девојче. Да, таа е уште дете, но твојот понижувачки тон е сосема јасен. Дури и тригодишно дете може да го препознае тоа. Мојата ќерка е човечко суштество со чувства. Всушност, наместо да се фалите затоа што сте биле во состојба да се размножите повеќе пати, можете да одвоите време за да го научите синот дека не е во ред да се фрлаат камења кон други луѓе. Ова е мојата мисла. Освен тоа, дали ти паднало на ум дека овој коментар би можел да ја наведе мојата ќерка на размислување дека нешто не е во ред со нашето семејство, доколку го чуеше?

Не сме ли среќно семејство, баш такви какви што сме? Затоа, другпат, пред да поставите прашање, размислете!

Автор: Нада Шакиќ



912

X