Шестмесечно бебе заболено од морбили починало утринава на Клиниката за инфективни болести, информира министерот за здравство Венко Филипче. Посочи дека бебето имало компликација на белите дробови и било невакцинирано.

– Првин било лекувано во болницата во Козле, а потоа бело префрлено на Инфективната клиника каде што докторите, за жал, не можеле да се справат со компликациите. Искрено се надевам дека трендот на вакцинација ќе продолжи поради тоа што е единственото нешто што треба и мора да се направи со цел да се подигне колективниот имунитет, кој значително е намален по падот на опфатот со вакцинација во 2014 година и, за жал, сега се соочуваме со овие последици – рече Филипче.

Уште две деца на Инфективната клиника, заразени од морбили, се во критична состојба, посочи Филипче.



912

X