Во септември 2017 година Педагошката служба спровела анкета низ основните и средните училишта за наставниот кадар да достави забелешки во врска со сите одобрени учебници, т.е. учебниците што ги користи. Никој не го споменал учебникот по ликовно

Ревизија на учебникот „Ликовно образование за 4. одделение“ од Данчо Ордев најави Министерството за образование и наука откако Деца.мк објави рецензија на изданието. На прашањето доставено до МОН и Педагошката служба зошто десет години четвртоодделенците учат од учебник во кој автопортрет од Леонардо да Винчи е потпишан со името Микеланџело, во кој има безброј грешки и нерегуларности, до нашата редакција стигна следниот одговор:

– По вашата реакција и аргументите што ги имате наведено во објавата на порталот Деца.мк, Педагошката служба ќе пристапи кон ревизија на овој учебник согласно член 14-а од Законот за учебници за основно и средно образование – велат од Педагошката служба на МОН.

Во септември 2017 година Педагошката служба спровела анкета низ основните и средните училишта за наставниот кадар да достави забелешки во врска со сите одобрени учебници, т.е. учебниците што ги користи.

– Целта беше да се констатираат и надминат можните недоследности во учебниците. За наведениот учебник не беше дадена ниту една забелешка. Исто така, до Педагошката служба не е доставено ниту едно барање за ревизија на учебникот по ликовно образование за 4. одделение и затоа досега не е направена ревизија на него. Единствениот начин Педагошката служба да пристапи кон коригирање на учебник е доколку добие барање, укажување, претставка и слично, каде што конкретно и аргументирано се укажува на можни недостатоци во учебникот – велат од МОН за Деца.мк.

Од Педагошката служба објаснуваат како функционира системот кога се во прашање учебниците, во согласност со законските прописи:

– По добивање донесена и одобрена наставна програма, објавува анонимен конкурс за учебници.
– По завршување на конкурсот објавува јавен повик за рецензенти.
– Националната комисија за учебници од доставените пријави формира рецензентски комисии.
– Педагошката служба ги шифрира доставените ракописи за учебници и ги доставува до Бирото за развој на образованието и рецензентските комисии.
– Бирото за развој на образованието доставува образложено мислење за усогласеност на ракописот за учебник со наставната програма, а рецензентската комисија врши стручно вреднување на ракописот, во согласност со методологијата за вреднување на учебници и концепцијата за изработка на учебник.
– По добивање на мислењата во законски предвидениот рок, Педагошката служба ги доставува двете мислења до Националната комисија за учебници, која донесува Одлука за одобрување или одбивање на ракописот за учебник.

Автор на учебникот „Ликовно образование за 4. одделение“ е ликовниот уметник Данчо Ордев, а издавач е Министерството за образование и наука. Со решение на тогашниот министер за образование и наука, учебникот бил одобрен за употреба на 19 јуни 2009 година. Рецензенти на учебникот се Маја Рауник-Кирков (претседателка) и членовите Касиопеја Наумоска и Илија Кочовски. Како графички дизајнери на изданието се потпишани Данчо Ордев и Јован Алексовски.

Рецензија на учебникот:

Најпознатиот автопортрет од Леонардо е грешно потпишан како да е од Микеланџело!



912

X