Не плачат само човечките бебиња. Плачат и другите цицачи и тоа главно од истите причини. Овој примитивен систем за преживување еволуциски е вкоренет во нашиот мозок. Бебињата, баш како и мачињата, стаорците и многу други цицачи, плачат кога се гладни, сами или кога нешто ги боли. Бебињата, човечките и оние другите, произведуваат многу слични звуци.

А тие звуци не се какви било. Многу истражувања покажале дека плачењето се развило така што активира точно одредени региони во мозокот на возрасните – оние за емпатија и внимание. Кај бебињата, според раните истражувања, паѓа нивото на окситоцин (хормонот на среќа), што потенцира плачење. Кога мајката ќе го чуе своето бебе како плаче, кај неа се зголемува нивото на истиот хормон и поттикнува грижливо однесување. Слично е и кај татковците, само што тие доживуваат и пад на нивото на тестостерон. Окситоцинот може дури и да ја зголеми реакцијата на мозокот на плач, па да ни „помогне“ да го слушнеме и соодветно да реагираме. Кога конечно ќе реагираме и ќе го тешиме бебето, кај него се ослободува окситоцин и тоа престанува да плаче. Понекогаш.

Многу е важна и фреквенцијата на плачот. Некои елени реагираат и трчаат по помош само на одредена фреквенција. Како што се зголемува степенот на паника, така расте и јачината на плачот, со кратки паузи. Со тоа, поголемиот дел од енергијата е концентриран во највисоките фреквенции, каде што слухот на возрасните е најчувствителен, а звукот најбавно се распрскува.

Не е чудо дека е тешко да се игнорира бебешкиот плач. Иако луѓето тешко го разликуваат плачот од другите звуци, прилично се лоши во дефинирање на причините ако се издвои од контекст (пелени, глад или нешто трето). Но добро е да се знае дека кога бебињата се навистина во неволја (на пример, голема болка), плачот излегува од вообичаените рамки и звучи поинаку. Научниците откриле и дека постојат разлики во плачот на бебето во зависност од јазикот на мајката.

– Новороденчињата почнале да го учат јазикот уште додека се во стомакот. Плачот на бебето чија мајка говори мелодични јазици е поразличен од оној на германското говорно подрачје, на пример – вели професорката Кетлин Вермке од Германскиот универзитет во Вурзбург.

Автор: Нина Миджор

Извор



912

X