Игротека

Бајка за времето во кое живееме од ученичка: Луѓето ја славеле победата, дојде ново време, а во прв план се оние што вредат

Петра Малениќ живее во Белград, Србија, оди во петто одделение и добила задача да напише состав на тема „Мојата бајка“. Нејзината приказна „Зета во редот на белите ангели“, во која главните негативци се ковид-змејови, говори и за тоа колку е моќна детската фантазија, која на секое страшно сценарио смислува совршено добар крај.

Бајката на Петра:

„Зета во редот на белите ангели“

Во градината на еден двор седеше едно девојче по име Маја, со својата стара баба. Додека уживаа во погледот на храмот „Свети Сава“, девојчето ја замоли баба си да ѝ раскаже некоја убава бајка.

– Бабо, дали знаеш да ми раскажеш некоја бајка – прашало девојчето

– Знам, душо бабина. Знам една бајка на која помислувам речиси секој ден. Бајката за храбрата Зета, во редот на белите ангели:

– Приказната се случила одамна, во еден град на крајбрежјето на две реки, во време кога во целиот свет се ценело она што не требало да се цени и се правело она што не требало да се прави. Во време кога, душо бабина, сè било некако наопаку. Тоа било време на страв. Време на опасни суштества што владееле со светот. На сите им било јасно дека на планетата ѝ се ближи крајот бидејќи земјата и небото биле отруени. За несреќата да биде уште поголема, земјата ја напаѓале многу опасни ковид-змејови. Сееле страв на секое ќоше, палеле сè што ќе стигнале, ги убивале без милост и предупредување сите оние што не се сокриле.

Понекогаш помислувам дека во тоа време сè што било добро и позитивно исчезнало, а дека само злото останало на земјата. Во тоа време живеела Зета. Една сосема обична девојка која работела во една од многуте кули на спасот, во кои се лекувале луѓе. Имала многу добри и хумани пријатели, преку кои им помагала на другите, за кои никој во јавноста не ни знаел дека постојат. Нивната мисија не била да се фалат и да ги истакнуваат резултатите од својата работа, туку само да им помагаат на луѓето. ДОБРО. Тие работеле по цел ден и ноќ, без да надоместат за својата работа, бидејќи биле горди и исполнети од хуманоста на своите секојдневни дела. Една вечер над нејзиниот град паднала темнина. Огромни огнени топки паѓале од небото. Гореле и небото и земјата. Големиот, најголем што некогаш бил виден змеј од семејството ковид, змеј кој носел белег со бројот 19, го нападнал градот со мисија да го претвори во пепел, заедно со сите што живееле во него. Сите жители на градот побегнале во своите подруми бидејќи никој не смеел да му се спротивстави.

Зета сето тоа го набљудувала немоќно додека бројот на повредени луѓе се зголемувал. Ковид-19 правел хаос, луѓето станувале сè поисплашени, а бројот на повредени и настрадани само растел. Едно утро, додека ги посетувала повредените во кулата на спасот каде што работела, здогледала мало момче кое сериозно било повредено од страшниот змеј. Во еден момент не можела да го сокрие својот бес, па викнала: ОВА Е СТРАШНА НЕПРАВДА! ДОСТА Е! ВРЕМЕ Е ДА МУ СЕ СПРОТИВСТАВИМЕ И ДА ГО СОВЛАДАМЕ! ИЛИ ТОЈ, ИЛИ НИЕ!

Ги собрала сите свои колеги, кои едногласно ја поддржале и храбро излегла да се бори со опасниот змеј. Кога ги здогледал, ковид-19 вреснал: ВИЕ СТЕ СИТЕ ЛУДИ, ЌЕ ВЕ УНИШТАМ СО ЕДНО ДУВАЊЕ ОГАН!

Зета била храбра и горда, како и сите нејзини колеги од кулата на спасот. Знаеле дека се послаби од змејот, но храбро стоеле наспроти злото кое било спремно сите да ги уништи. За нивната храброст набрзо се прочуло и по другите кули на спасот, каде што сите нивни колеги, кои без разлика на големиот ризик во борбата против змејот, тргнале како еден за да им помогнат. Голема била нивната желба конечно да станат и да му се спротивстават на змејот. Битката била многу тешка и напорна, но храброста на Зета и нејзините колеги била неверојатна. Благодарение на тоа што сите се здружиле и во ниту еден момент не се откажале, ЗМЕЈОТ КОНЕЧНО БИЛ ПОБЕДЕН!

За нивната храброст се слушнало во целиот свет. Нејзините колеги од други земји добиле мотив да се здружат и да се пресметаат со сите лоши змејови што сееле страв. Почнала голема војна во која ЗЛОТО КОНЕЧНО БИЛО ПОБЕДЕНО. Луѓето ја славеле победата, ги извикувале имињата на храбрите борци, на кои дотогаш никој не им обрнувал внимание. Дојде ново време. Сè се сврти онака како што и требало да биде. Во прв план дошле оние што навистина вредат.

Планетата почнала повторно да диши. Новиот, добар крал, кој е прогласен од страна на народот да владее со целата планета, ја повикал Зета за да ѝ врачи благодарница и да ѝ предаде награда. Кога отишла да ја прими, Зета гордо му се обратила на кралот: „Почитуван кралу, ви благодарам за наградата што сакате да ми ја дадете, но јас морам да ви кажам дека веќе ја добив наградата. Мојата награда е СЛОБОДАТА. Слобода за мојот народ и моите колеги од секоја кула на спасот на планетата, кои храбро се бореа да го победат злото, сите заедно, како еден“.

– Елизабетаааа, каде сте сееее? – се слушна во далечината гласот на мојот дедо.

– Еве нè, не грижи се!, викна баба. Ѝ кажувам на Маја бајка за белите ангели…

Кога ја погледнав баба, додека му се обраќаше на дедо, видов солзи во нејзините очи. Видов и сфатив дека всушност МОЈАТА БАБА е храбрата Зета, поранешна медицинска сестра од Белград, во времето кога постоел страшниот коронавирус. Сфатив дека таа е еден од белите ангели, сите медицински сестри и персонал во бел мантил, кои како да се едно, гордо и бестрашно ја извршуваат својата должност, на првата одбранбена линија.

– ВИ БЛАГОДАРАМ, БЕЛИ АНГЕЛИ, ѝ реков на баба и силно ја прегрнав.

Во градот на крајбрежјето на две реки,
Петра Малениќ, основно училиште „Современа“, V1, Белград

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top