Мохамед Бзик го поминува своето време давајќи им љубов на децата. Во текот на изминативе 20 години тој има згрижено 80 смртно болни деца. Деца чие време на земјата е ограничено.

– Постојат многу вакви деца, никој не сака да ги земе бидејќи ќе умрат, па никој не сака да се справува со смртта. Јас секогаш разговарам со моите деца, без оглед дали се слепи или глуви, секогаш им зборувам, бидејќи верувам дека се човечки суштества, имаат душа, имаат чувства. Со девојчето што го имам сега единствената комуникација е со допир, така што тоа знае дека не е само – вели тој.

Тој ги згрижува овие деца бидејќи никој друг не сака. На овие деца им е потребна постојана грижа.

– Замислете малечко дете родено со терминална болест. Тој е одземен од мајка му и татко му можеби затоа што се зависници од дрога или поради негрижа. Верувам дека секое дете има право да има семејство, мајка, татко, браќа и сестри, а овие деца немаат никого. Се чини дека светот ги заборавил, никој не зборува за нив, така што на овие деца им е потребен некој да ги земе во својот дом, да им создаде семејство и да се грижи за нив. Да ги сака и да им кажува: „Тука сум за тебе, ќе го пребродиме ова заедно“ и да им обезбедат сигурност, бидејќи овие деца секојпат кога некој ќе тропне на вратата, мислат дека тој некој ќе ги земе и ќе однесе некаде. Не се безбедни и потребна им е безбедност и постојан дом – вели тој.

Мохамед е Либиец, а живее во Лос Анџелес и тој е единствениот згрижувач во округот што посвојува болни деца.

– Ние сме луѓе и треба да си помагаме едни на други. Важна е секоја помош што можеш да ја дадеш без оглед на бојата, религијата, земјата. Како луѓе треба да живееме сплотени, а не разделени. Ќе згрижувам деца сè додека сум здрав и сè додека можам да обезбедам добра грижа за нив. Ги сметам како мои биолошки деца. Навистина многу се радувам кога ќе видам насмевка на нивното лице.

 



912

X