Пандемијата на коронавирусот и рестриктивните епидемиолошки мерки во изминатите месеци сериозно го намалуваат нивото на физичка активност кај луѓето во светот. Додека намаленото движење, од една страна, нè штити од заразата со вирусот, од друга страна, сериозно го загрозува метаболичкото здравје на сите нас. Тоа го покажуваат резултатите од новото истражување на повеќе автори од Кинезиолошкиот факултет при Универзитетот во Загреб, под водство на прод. д-р Марјета Мишигој-Дураковиќ, кои укажуваат на загрижувачки голем пад на нивото на физичка активност на 20-годишниците во Загреб по воведувањето на рестриктивните мерки во март и април 2020 година.

Студија објавена во научното списание „Одржливост“ е продолжение на четиригодишното лонгитудинално истражување на хрватската студија за физичка активност во адолесценцијата, финансирано од Хрватската научна фондација. Резултатите покажале дека учесниците во студијата, без разлика на полот, вработувањето или претходната вклученост во организиран спорт, 30 дена по воведувањето на рестриктивните и другите мерки во просек го намалиле нивото на физичка активност за повеќе од 1 час дневно. Од друга страна, додека инаку активните испитаници во периодот на рестрикции значително го намалиле нивото на физичка активности, претходно неактивните личности успеале да ги зголемат физичките активности.

Можните причини лежат во помалата достапност на опрема и простор за вежбање кај активните испитаници, како и повеќе слободно време кај неактивните лица во вакви услови кои може да го искористат за промена на навиките.

– Би сакал да ги истакнам двојните импликации од ова истражување. Од една страна, јасно е дека е нужно да се направи сè за да се овозможат што подобри услови за одржување редовни навики за телесни активности и да се спречи придружениот пад на телесниот фитнес, зголемување на телесната тежина, како и влошување на метаболичкото здравје. Од друга страна, промените во работната и животната динамика во моменталните околности очигледно се одлична можност да му се помогне на најзагрозениот дел од популацијата. Во таа смисла, потребно е да се ангажираат сите чинители од јавната и приватната сфера за да се поттикнат неактивните лица да почнат да се занимаваат со физичка активност и да ги поддржиме во сите фази на промена на однесувањето – истакнува Јосип Каруц, водечки автор на ова истражување и млад истражувач во Лабораторијата за мерење и следење на физичка активност од Кинезиолшкиот факултет во Загреб.

Физичката активност е еден од главните чинители за нормален раст и развој на секој човек, па придонесува за одржувањето на здравјето во текот на животот. Продолжувањето на лошите показатели од истражувањето е нужно за поттикнување здрав, активен животен стил и создавање подобри услови за редовна активност во моменталната епидемиолошка ситуација, па да се донесат и квалитетни мерки кои секојдневно ќе ги поттикнуваат младите и ќе ги мотивираат да изберат физичка активност наместо седење пред екран, односно да донесат правилна одлука за своето здравје и иднината.

Извор



912

X