Ова се одлични вести за најмладите деца во семејството. Важно е да се напомене дека не станува збор за теорија, туку за истражување спроведено од „Југов“.

Истражувањето анализирало браќа и сестри во семејството користејќи го нивниот личен поглед кон одговорноста, хуморот, организацијата, самодовербата и другите фактори во споредба со браќата и сестрите во семејството.

Со тоа, истражувањето открило дека најмладото дете е порелаксирано и потолерантно во споредба со другите. Од друга страна, најстарото дете било многу поодговорно за разлика од другите. Освен тоа, истражувањето открило дека постарите браќа и сестри немаат толку голема смисла за хумор како најмладите, но имаат поголем успех во животот и повеќе се насочени кон семејството.

– Најзначајните разлики се во чувството на одговорност – повеќето (54 отсто) од првородените деца изјавиле дека се поодговорни од нивните браќа/сестри, во споредба со 31 отсто од најмладите членови на семејството.

Помладите браќа и сестри, пак, ќе речат дека се посмешни, порелаксирани и потолерантни.



912

X