Не присилувајте ги вашите деца да се извинуваат, туку научете ги како да прават измени. Лиза Хајфилд, советник за деца и основач на „Хилинг хартс“, лондонска служба за семејни консултации, предлага 10 моќни алтернативи наместо празното извинување.

Како родители, нашиот инстинкт често е да бараме од децата да велат извини кога повредиле друга личност или кога ги прекршиле правилата. Но никогаш не треба да ги тераме да се извинуваат. Еве кои алтернативи може да ги користите.

1. Бидете модел за емпатија

Не потенцирајте дека емоциите на другите луѓе се важни, однесувајте се кон луѓето со почит во секојдневниот живот. Поздравете го поштарот и издвојте време да разговарате со него.

2. Научете го детето како неговото извини да има длабоко значење

Ако вашето дете жали за она што го направило, научете го на овој пристап во три чекори: 1. Погледни ја личноста в очи; 2. Кажи точно зошто ти е жал; 3. Кажи што би направил поинаку наредниот пат.

3. Расправајте се на убав начин

Начинот на кој родителите и другите возрасни се расправаат го поставува тонот за тоа како вашето дете ќе се справува со конфликтите. Ако вашето дете забележи лути лица и висок тон, тогаш нормално е и тоа така да реагира.

4. Објаснете му

Децата со когнитивни нарушувања можеби ќе имаат потреба од дополнителна помош за да разберат зошто она што го рекле или направиле било штетно. Користете едноставен јазик за да му помогнете да ги идентификува причините и ефектите од неговите активности.

5. Правилна постапка

Вашето дете треба да открие начин на кој ќе се извини. На пример, ако скрши играчка на братчето или сестричето, треба да му понуди своја играчка.

6. Набљудување на другите

Разговарајте со вашето дете за тоа како другите луѓе во неговиот живот, како што се пријателите и соучениците, се справиле со конфликт. Дали детето што направило нешто штетно изгледа дека му е навистина жал? Какви емоции покажува жртвата? Како двајцата ги решиле разликите?

7. Помогнете му на детето да ги следи своите чекори

Помогнете му на детето да направи анализа на сопствените мисли и акции и зошто ескалирала ситуацијата преку поставување прашања како на пример: Зошто мислиш дека го направи тоа? Се прашуваш како другите деца се чувствуваат сега? Дали некој некогаш направил да се чувствуваш на тој начин?

8. Пишување

Постарите деца често се подобри во изразувањето на чувствата преку писма или е-пораки. Тие можат да ги изберат сопствените зборови и нивното покајување.

9. Бидете пример

Кога вие, родителот, жалите за одредено однесување, покажете пример како би требало детето да се однесува во тие ситуации.

10. Дајте му глас на жртвата

Децата подобро го разбираат влијанието на своите постапки ако слушнат како се чувствувало другото дете што било повредено. Разговарајте со двете деца за инцидентот за тие заедно подобро да сфатат што се случило.

Автор: Лиза Хајфилд



912

X