Предностите на ризичните игри не се зелено светло за децата да не бидат надгледувани, туку не треба да им се уништува креативноста. Научници од Канада извршиле интересно истражување, па заклучиле дека децата што се занимаваат со ризична игра на отворено, како што се качувањето и скокањето, грубата игра и самостојното истражување, имаат повеќе предности за физичко и социјално здравје. Освен тоа, играта на отворено не е добра само за детското здравје, туку ги поттикнува и креативноста, социјалните вештини и отпорноста.

– Откривме дека играта на отворено, која може да биде и ризична, поттикнува долга игра, друштвена интеракција, креативност и отпорност – велат истражувачите. Додале дека резултатите ја изразуваат важноста на поддршката на децата за ризични игри на отворено, како средство за поттикнување на детското здравје и активниот животен стил.

– Да се научат да управуваат со ризикот, на здрав, позитивен начин е во суштината на она што го промовираме и се надеваме дека тоа ќе доведе до ситуација што повеќе млади да бидат надвор и да се занимаваат со неверојатно здрави и силни концепти на игра – истакнале истражувачите.

Прашањата за безбедноста, на пример, повредите, се сметаат за главна причина за ограничување на ризичните игри на отворено. Истражувачите откриле дека стандардите за безбедност на игралиштата и преголемиот надзор ги спречуваат децата да се занимаваат со ризични активности.

– Надгледувањето на детските активности може да биде посоодветен пристап од активниот надзор, особено за постарите деца. Препорачуваме ризична игра на отворено која ја балансира сигурноста со другите здравствени исходи на децата – заклучуваат научниците.



912

X