Во раните 80-ти години возев велосипед без кацига на главата до локалната продавничка, за да купам карти и кутија цигари за мојата баба. Сето тоа го правев пред да имам 10 години. Сега мислам дека ако ги испратам децата до продавница, тоа ќе биде огромен супермаркет, а тие ќе одат со „ховерборд“ за да купат електронски цигари.

Многу се зборува за разликите помеѓу нашето детство и она на нашите деца. Нема пикадо во дворот, нема ниту банда деца што возат велосипеди, не за да вежбаат, туку за да одат во авантура во шумата. Имавме пристап до кибрити, имавме кујнски ножиња и се обидувавме да ги претвориме во оружје. Не е исто како сега кога група деца се возат на електрични скутери во паркот. Да се потсетиме на неколку детски лета назад во 80-тите и како тие изгледаа во споредба со детската реалност сега….

1. Морав да бидам дома кога уличните светла се палеа – сега децата мора да се дома кога ќе се вклучи алармот на нивните „ајфони“ и „ајпади“.

2. Морав да им се јавам на родителите кога ќе пристигнев во домот на пријателот – сега мајката на нивниот пријател ќе ми пише порака дека се таму.

3. Морав да правам знаци со рацете додека возев велосипед – тоа беа знаци дека ќе вртам или ќе застанувам. Сега децата носат кациги, штитници за колена, за зглобови, рефлектирачки елеци и слични работи за да дадат до знаење дека нивните родители се свесни за безбедносните норми и не би го оставиле детето да оди надвор без соодветна опрема.

4. Ми беше дозволено да гледам ТВ сè додека не седев преблиску – на децата денес им е дозволено да гледаат видеа на нивните таблети сè додека не седат преблиску – до мене.

5. Можев да пливам ако носев пластични мускули – и не ми пречеше што 84 отсто од кожата на моите бицепси и трицепси се триеше додека јас ги поставував на горниот дел од рацете. Моите деца сега може да пливаат ако носат заштитни елеци и цел пливачки арсенал.

6. Имав пристап до чипсови и чоколади – моите деца сега имаат пристап до „здрави“ чипсови“ и грицки.

7. Имав трамбулина во дворот – јас и моите другари јас не се плашевме да ризикуваме да се здобиеме со фрактура на коските кога скокавме настрана. Како да се обидувавме да ги дислоцираме рамената. Денешните деца имаат цели паркови, но на затворено, и не се плашат да отскокнуваат од ѕидови.

8. Имавме денови поминати во камп правејќи ленти со пластични, растегливи жици – сега деновите на камп поминуваат во правење рачни нараквици, со нижење крукчиња.

9. Носев пластични сандали – сега носат нова верзија на старите „грди“ чевли.

10. Се обидував да добијам основа на кожата за потемен тен пред одење на одмор – мојата мајка го сакаше тоа за да не изгорам во текот на летото. Сега сме одговорни за секоја дамка и бенка што ќе им се појави на кожата на децата.

11. Имав аспирин кој се џвака – знаете, за сите тие лузни и модринки што ги добив бидејќи живеев како бесно животно. И ако немавме аспирин кој се џвака, мајка ми ги кршеше апчињата во лажица во која имаше сок од портокал. Моите деца добиваат течни сирупи и лекови против болки.

12. Имав камера од 35 мм со која направил 50 илјади фотографии од матна верверичка – децата сега го имаат мојот стар „ајфон“ со кој прават селфи. 5 милиони селфиња.

13. Играв криенка – трчавме низ соседството додека беше мрак и се плашевме. Сега се игра „Мајнкрафт“, што значи дека трчаат во виртуелен свет кога ќе се стемни и се плашат од зомбиња.

14. Пиев сокови што се правеа од прашок или сок на растворање, кој го направила мајка ми, и ги мешавме со вода секој ден – децата денес го имаат тоа, но водата е филтрирана бидејќи не е 1984 и не треба да пиеме нефилтрирана вода како пештерски луѓе.

15. Насекаде бев искасана од комарци што предизвикуваа само чешање или маларија – денешните деца имаат западнонилска треска, зика и чешање или маларија.

16. Фаќав светулки во стари тегли од мајонез – сега ги фаќаат во избоени ѕидарски тегли.

17. Играв бејзбол со стапчиња – сега играат со високо организирани летни патувачки тимови.

18. Имав реалност – и таа реалност е дека мајка ми не сакаше да ме гледа во куќата од изгрејсонце до зајдисонце, од јуни до август. Сепак, само што го избришала подот. Децата денес имаат виртуелна реалност, а таа реалност е дека не сакам да ги видам или слушнам додека се во подрумот од изгрејсонце до зајдисонце, од јуни до август. Сепак, само што го избришав подот со посебен бришач и посебно средство.

Да, колку повеќе работи се променија, повеќе остануваат исти, освен пикадото кое сè уште е достапно, но без оние „опасни“ метални краеви на стрелките – сега сè е дигитализирано.

Автор: Никол Ли Шо

Извор



912

X