Дали оценките во дневникот се важни или не? Дали е вистина дека оние ученици што добиваат двојки подобро поминуваат во животот? За да го одговориме ова прашање, прво треба да прецизираме што значи „подобро поминуваат во животот“. Ако ја земеме материјалната сигурност како критериум, училишните оценки не се во директна зависност од овој фактор. Со други зборови, меѓу луѓето со повисоки примања има и поранешни одлични и такви со доволен успех. Факултетската диплома не е гаранција за финансиска сигурност. Интернетот е полн со примери на богати и славни кои повторувале одделенија или биле избркани од училиште. Исто така, не е точно ни дека двојките во дневникот гарантираат добри приходи во иднина.

Убаво би било кога би постоел начин да се пресмета среќата на детето во иднина, кога би се нашла математичка формула

Ако како критериум го земеме субјективното чувство на лично задоволство од својот живот, ни тоа не зависи од оценките во училиште. Задоволството не зависи ни од парите ни од бројот на обожаватели. И богатите плачат, а познатите честопати се многу осамени.

Убаво би било кога би постоел начин да се пресмета среќата на детето во иднина, кога би се нашла математичка формула со неколку јасни параметри, па потоа само да внимавате детето да не излезе од посакуваните вредности на зададените параметри. Тоа суштински ќе ја намали вознемиреноста на родителите. Исто така, дава илузија за контрола на иднината.

– Само да го приспособам детето на бараните вредности на параметрите А, Б и В и со тоа е загарантирана неговата среќа во иднината.

Повремено наидувам на родители кои искрено веруваат дека ја нашле формулата. Во неа успехот на училиште е еден параметар. Граничната вредност изнесува „4-5“ или уште построго: „5“. Добро е ако детето биде во тие рамки, ако поимот „среќа“ го подразбира на истиот начин како родителите. Тогаш нема да дојде до конфликт во врска со системот на вредности помеѓу детето и родителите. Но, што ако не ги има истите вредности? Тогаш почнува тешка борба за двете страни. Зошто е толку тешко за родителите да прифатат дека детето не се грижи за одличните оценки? Затоа што родителите се грижат за иднината на детето. Но, евалуацијата не е средство за поставување патека што неизбежно води кон среќна иднина. Таа не е дури ни јасен показател за способностите на детето. Оценката покажува колку детето го усвоило училишниот материјал и ништо друго. Не треба да ѝ се дава дополнително значење.

Оценката не е показател за способност. Детето може да има способности, но да нема желба. Или има способности што не се опфатени со училишните предмети.

Оценката не е гаранција за успех во иднина. Социјалната и емоционалната интелигенција не се оценуваат на училиште, но тие му помагаат на еден човек да изгради кариера.

Оценката не е показател за тоа колку детето напредувало во сопствениот развој. Со оценката, резултатот на секое дете се споредува со одреден настан, а не со претходните достигнувања на тоа дете. Честопати се случува да има личен напредок, но оценката да остане иста.

Во светот на возрасните се смета дека е непристојно прашањето за тоа колкава е вашата плата. А да се праша како му оди на детето на училиште, каква оценка има по некој предмет, тоа е нормално.

Оценката не е показател за тоа колку е одговорно детето. Детето може да биде исклучително одговорно во друга област што е негова лична преокупација. Ќе наведам пример од животот на возрасните кога исклучително одговорен менаџер заборава да купи млеко за дома, па неговата сопруга му замерува дека е неодговорен. А тој го заборавил млекото затоа што интензивно и одговорно размислува за почнувањето на новиот проект.

Лошите оценки не се потврда дека станува збор за ужасно, глупаво, мрзливо, неодговорно дете кое никогаш нема да има нормална работа. Лошите оценки се потврда дека детето не може или не сака да го работи она што се бара од него на училиште. Толку. Нема потреба од други етикети. Не е потребно да се донесува оцена за личноста врз основа на оценките во дневникот. Во светот на возрасните се смета дека е непристојно прашањето за тоа колкава е вашата плата. А да се праша како му оди на детето на училиште, каква оценка има по некој предмет, тоа е нормално. Јас не мислам дека детето е должно пред бабите, дедовците, тетките, вујковците, пријателите, поширокото семејство да кажува колку тројки, четворки и петки има во дневникот. Детето не треба да одговара на овие прашања. Научете го како низ неколку збора да ја избегне оваа тема и да ја насочи кон шега. И вие пошегувајте се ако ви е непријатно да зборувате за оценките на вашето дете. Не сте обврзани да им полагате сметки на луѓето.

Кога детето носи лоша оценка, тоа предизвикува различни чувства кај родителите:

1. Сочувство кон детето. „Многу се трудеше, а не испадна добро. Сега му е тешко“.

2. Самосожалување. „Толку вложувам во неговото учење, а види го резултатот“.

3. Завист кон другите.„Децата на моите пријатели се одлични ученици, само моето не е“.

4. Чувство на вина: „Јас сум лош родител. Нешто ми избега“.

5. Лутина кон детето: „Мрзлив! Ништо не го интересира!“

6. Лутина кон другиот родител, наставникот од училиште, наставникот што дополнително го спрема: „Не знае да објасни за детето да сфати?“

7. Страв за иднината: „Како ќе живее ако вака продолжи да учи?“

8. Срам: „Што ќе помислат другите за мене?“

По правило, секое од овие чувства поминува брзо без разорни последици. Сепак, последиците можат да бидат уништувачки во буквална смисла. Една од моите клиентки дојде на разговор бидејќи со чекан го скршила мониторот од компјутерот откако ги видела трите единици што ги добил нејзиниот син. И тоа не е сè. Уште полошо е кога физички страда човекот. Негативните чувства навистина се тешки. Емоциите ги блокираат конструктивните мисли.

Дури и сожалувањето кон детето може да биде во таа мера што не може да му помогне на детето и да го поддржи. Бидејќи сите силни чувства се засноваат на некое ограничено верување:

– Добрите деца добиваат добри оценки.
– Децата на добрите родители добиваат добри оценки.
– Добрите оценки се основа на добриот живот.

Ако верувањето одговара на реалноста, односно ако детето донесе добри оценки, тоа верување не мора да го чепкаме. Но, ако верувањето не одговара на реалниот живот, станува тешко да се зачува мирот и да се избегне разочарувањето. Тука имаме два патишта: 1. Обидот да го формираме реалниот живот во рамките на нашите верувања и 2. Обид да ги промениме нашите верувања во согласност со реалниот живот.

Ако веќе сте се обиделе да го мотивирате, стимулирате, да работите со него, да плаќате приватни часови, но оценките сепак не носат радост, вреди да се обидете да најдете друг начин и да го преиспитате вашето верување претворајќи го во следново:

„Имам добро дете. Дури и кога ќе добие лоши оценки, моето дете е добро. Јас ги знам неговите силни страни. Знам дека има работи што моето дете ги прави најдобро. Сигурен сум дека тоа ќе му помогне да го најде својот рецепт за среќен живот во иднина. И јас сум добар родител затоа што верувам во моето дете“.

(Ивадок од книгата „Школьники ленивой мамы“)

Извор



912

X