Не постои посилна љубов од онаа што мајката може да му ја даде на своето дете. Раѓањето на детето за жената е најсреќниот момент во животот. Детето расте и пораснува, а на мајката ѝ остануваат само спомените на најубавите моменти од растењето. Еве го писмото на мајката и блогерка Кели Бачара до својот син:

Кога малку ќе остарам и кога ситниците нема веќе да ме возбудуваат како некогаш, ќе се сетам на твоите мали ножиња додека трчкаше по станот и ливадите. Ќе се сетам на твојот поглед кога ги гледаше птиците како летаат. Ќе се сетам како секогаш ме погледнуваше барајќи одобрување кога сакаше да направиш нешто. Ќе се сетам на твоите очи со неверојатен сјај и искри со кои сите ги растопуваше.

Кога нема веќе да ги сакаш моите бакнежи, ќе се сетам на твоето гласче и лицето со најубава насмевка додека ми трчаш в прегратка.
Кога твојот глас ќе стане подебел, вистински машки, ќе се сетам како твоето слатко гласче велеше мама многу повеќе од кој било друг збор. Ќе се сетам како звучеше кога ме викаше штом ќе се разбудеше – мамооооооооо и ќе ми се пикнеше во креветот да се галиме, бескрајно да се галиме.

Кога нема веќе постојано да доаѓаш кај мене за секоја работа и кога ќе сакаш да бидеш со своите пријатели, ќе се сетам како секогаш ме фаќаше за раката за да ме повлечеш на земја заедно да паднеме и да се тркаламе. Ќе се сетам на шуткањето на фудбалската топка по ливадата и на онаа неопислива среќа кога ќе ми дадеше гол.

Во деновите кога ќе ми биде тешко да развлечам насмевка на лицето, ќе се сетам на твоето смеење и кикотење. Кикотење од кое ги забораваш сите проблеми. Смеењето и кикотењето што ме потсетија зошто сум толку среќна што сум жива и што те имам тебе. Кога галењето во мојот скут ќе стане смешно бидејќи нема веќе да те собира, ќе се сетам на сите часови што си ги поминал во мојот скут додека по стоти пат ти ја читав омилената сликовница. Ќе се сетам дека мојот скут беше твоето омилено место за дружење.

Кога ќе ги превртуваш очите и кога моите шеги ќе престанат да ти бидат смешни, ќе се сетам како се смееше кога изведував глупости. Сите тие спомени ќе ги држам и чувам најблиску до срцето бидејќи знам дека ќе дојде денот кога ќе се промениш и сето тоа ќе исчезне.
Не затоа што ќе помалку ќе те сакам. Знам дека веројатно ќе те сакам уште повеќе. Токму ти и јас имаме посебна врска која никој никогаш не ќе може да ја раскине. Сега ти требам. Ми трчаш в прегратка. Секогаш мене ме избираш. Затоа што сега сум твоја.

И би лажела ако кажам дека тоа ќе биде лесно. Сите овие моменти со тебе длабоко ќе ги всадам во мојот мозок. Нема да дозволам овие спомени да ми исчезнат. И поради тие скапоцени спомени, вака ќе се сеќавам на тебе, сине мој.
Можеби вака ќе ти се допадне: Дозволи ми да го запомнам денес бидејќи утре ќе бидеш еден ден постар. Вчера те држев. Денес те пуштам.

Боже, те молам, не дозволувај некогаш да заборавам.



912

X