Моите ќерки се обожаваат. Се прегрнуваат, се бакнуваат и редовно си велат „те сакам“ една на друга. Јас израснав во семејство каде што поверојатно беше да се удриме наместо да си кажеме дека се грижиме едни за други, а моите родители никогаш не си кажале дека се сакаат пред нас.
Не бевме злоупотребени. Но, од мојот тврдоглав и цврст татко од Шкотска и примерна мајка од Англија, плус 5 деца кои се натпреваруваат за внимание, зборовите „те сакам“ не ги слушавме често. Покажувавме внимание со зборување токму на спротивното „Еј грда!“, така најчесто се поздравуваме меѓу себе. Имаше многу задевање, но никогаш нежност.
Најблиску до покажување љубов бевме кога имаше закана однадвор, кога девојче во автобус ќе ме задеваше, па мојата сестра застануваше во моја одбрана. Имавме роднини и соседи кои се прегрнуваа и си кажуваа дека се сакаат, но сите тие нежности беа оставени само на гледање во ТВ-серии, барем за нас. Не си кажувавме како се чувствуваме. Всушност, не знам како сме се чувствувале. Чувствата не беа тема на разговор – никогаш.
Бев внимателна во животот сѐ до 13 години. Тогаш преспав кај другарка. Мели имаше прекрасна постара сестра, Синди, која ни правеше шпагети, нѐ гушкаше и нѐ оставаше да седиме будни до доцна. Сакав да ѝ покажам благодарност на Синди, бидејќи таа беше љубезна и нежна на начин кој јас никогаш не го искусив. Како што гледавме ТВ, ја допрев со стапалото другарката и ѝ реков: „Еј, твојата глупава сестра Синди прави добри пуканки.“ Никој не возврати. Ја допрев Синди со стапалото уште еднаш, и ѝ реков на Мели: „Твојата грда сестра прави добри пуканки.“ По тишината што следеше, лицето ми стана црвено, прво никој не го препозна мојот „комплимент“, а потоа сфатив колку тоа беше навредливо. Девојките не знаеја дека така си зборуваме во моето семејство, дека така покажуваме љубов. Бев премногу засрамена за да ги повлечам зборовите и да се извинам.
На колеџ, во 20 години морав да одлучам дали еден маж беше вреден за да излегувам со него преку начинот на кој покажува љубов, а моите претпоставки не беа секогаш точни. Мажите, момчињата кои покажуваа љубов со бруталност, со критики – ми предизвикуваа различни видови кршења на срцето. Ми требаше подолго за да научам што навистина значи љубов и внимание. Изгледа дека нежноста е убава. Љубезност. Внимателност. Прекрасно е. Не боли, не повредува.
Со текот на времето добив дете и од почетокот не можев да престанам да му кажувам колку го сакам. Ја обожавав мојата ќерка и бев пресреќна што поминувам време со неа, во гушкање, галење, пеење и спиење заедно.
Немав упатство како да се однесувам, но запомнив дека како дете постојано се прашував дали родителите ме сакаат и не го знаев одговорот.
Се заколнав дека нема да го дозволам тоа со моите деца. Ќерка ми треба секогаш да знае дека ја сакам без оглед на сѐ, дека мојата љубов е безусловна и бескрајна и вечна. Имав три ќерки, а подоцна повторно се омажив и добив уште една ќерка и син – вкупно пет деца и двајцата ние, возрасните. Си ги сакаме нашите деца. Тие се сакаат меѓу себе. Како семејство по избор, седдуммина од нас имаат многу можности за да научат што претставува љубовта.
Секој од нас поминал низ тешки предизвици, здравствени проблеми или скршени срца, но научивме да си веруваме едни на други и да веруваме дека семејство значи заедница базирана на љубов.

Понекогаш, сѐ уште ми е тешко. Може да бидам чудна, невообичаена. Не сум склона на прегратки, бакнежи или кажување „те сакам“, какви што се моите деца. Изненадувачки е колку е тешко да ја оставам љубовта да ме преплави. Потешко е отколку што мислите да ја оставите љубовта да влезе во вас. Кога си испраќаме пораки, си праќаме бакнежи и срценца. Нашите телефонски разговори завршуваат со „те сакам“. Роденденските картички се преплавени од емотикони што значат љубов и секогаш се разделуваме со прегратка.
Таквиот начин функционира за нас, а тоа е единственото нешто што е важно.
Автор: Џулија Пар Трејси