Образование

Колумна на доц. д-р Атанас Кирјаковски: Дигитални реформи со аналогни последици врз децата и младите

Пишува: Доц. д-р Атанас Кирјаковски, кој предава психологија и когнитивни науки на Меѓународниот балкански универзитет во Скопје, а магистерските и докторските студии ги завршил на Универзитетот „Кобе“ во Јапонија

Кога ќе прочиташ соопштение од Владата на Република Македонија кое почнува со популизам од типот: „Реакциите на јавноста дека во училиштата се применуваат парталави учебници кои имаат застарена и несоодветна содржина, многу технички и граматички грешки, нелогичности и дискриминација, стануваат минато“ – веднаш знаеш дека „рибата смрди од опашката“. Кога ќе прочиташ и друго соопштение каде што првата реченица демагошки гласи: „Ако до вчера на тема учебници дискутиравме за криминал, корупција и штетни договори, јас сум среќна што денеска дискутираме за [sic] исклучиво за квалитетот на учебниците“ – тогаш нема сомнеж дека станува збор за „неодговорна и тешка, геостратешка грешка“.

Квалитетот на учебниците? Ајде навистина да дискутираме за квалитетот на учебниците, но без демагогијата на министерката Мила Царовска и наместо политикантски, да разгледаме што вели науката за најавените „реформи“ во образованието. За што всушност се работи? Имено, од кујната на министерката произлезе „соломонско“ законско решение за изработка и употреба на учебници во основното и во средното образование во кое своеглаво, избрзано и без сериозна јавна дебата, која би вклучила партиски-независни експерти, се предвидува вртоглава промена во моделот на учење во основното и во средното образование без притоа воопшто да се поведе грижа за негативните последици од неа. Најконтроверзен е делот каде што се укинуваат печатените учебници, почнувајќи од четврто до деветто одделение во основното образование и за сите години од средното, и се воведуваат т.н. „дигитални учебници“. Ваквите измени сносат сериозни здравствени, психокогнитивни, развојни, социјални и економски импликации за децата, младите, родителите и наставниците. На што се базираат овие реформи? На наука, истражувања и податоци? Не.

Целата колумна може да ја прочитате на Факултети.мк

Поврзани написи

Деветгодишниот Алек ја претвора љубопитноста во знаење – преку свој јутјуб- канал ги учи децата за вселената и науката

Прочитај повеќе

Од училишна клупа до идна професија: Како да му помогнете на вашето дете да го направи вистинскиот избор?

Прочитај повеќе

Магдалена Ангелевска, специјалист клинички логопед: „Подобро е да се направи навремена процена и да се утврди дека развојот е во рамките на нормалата отколку да се изгуби драгоцено време“

Прочитај повеќе

Виолета Велеска-Чадевска, специјален едукатор и рехабилитатор: „Децата најдобро учат кога се чувствуваат безбедни и сакани, а вашата конзистентна поддршка ја гради нивната самодоверба“

Прочитај повеќе
To top