Американскиот педијатриски терапевт Ангела Ханском вели дека постојаното префрлање од една активност на друга може да создаде непотребен стрес кај децата.
Трендот кон овие премини од едно на друго место, далеку од образованието засновано на игра во раното детство, е резултат на притисокот за ставање поголем акцент на постигнувања во пониските одделенија, што е директно поврзано со зголемената употреба на стандардизирани тестови.

Децата најдобро учат преку игра

Освен што употребата на тестовите е сомнителна, се развиваат и други проблеми за децата, кои уште на мали години се принудени да седат во клупа без доволно паузи, иако повеќето од нив немаат вештини за одржување на фокусот подолго време. Тоа го нарушува она што истражувањата го покажуваат долги години: младите деца учат најдобро преку игра зашто така можат да истражуваат и да решаваат проблеми надвор од клупата.


– Играта е многу важна за учењето вештини во 21 век, како што се решавање проблеми, соработка и креативност, а кои се од клучно значење за успех. Конвенцијата на ОН за правата на детето го има загарантирано правото на игра што е соодветна на годините на детето, во член 21.12 – пишува во извештајот на Американската академија на педијатрите.
– Придобивките од играта се многу, а вклучуваат подобрување во извршното функционирање, јазикот, раните математички вештини, социјалниот развој, односот со врсниците, физичкиот развој и здравјето – пишува во извештајот.
И наставниците и родителите често ги брзаат децата, преку оброци, часови, домашни задачи.

Зошто честите промени претставуваат проблем?

Децата со сензорни проблеми, како што е малата толеранција на промени, имаат многу тешкотии во прифаќањето на промените. Сензорните проблеми често се поврзани со анксиозноста. Постојаното менување на работите може да создаде непотребен стрес. Или уште полошо, може да создаде комплетен хаос во училницата и/или домашната средина.
Наместо да создаваме специјални механизми за справување со толку многу промени, потребно е тие да се намалат. Со постојаното менување на брзината децата стануваат вознемирени и неорганизирани. Така се зголемува анксиозноста.
Ако сакаме навистина да поттикнеме здрав развој, мораме да ги забавиме работите за нашите деца. Да им го дадеме на децата дарот на времето и да гледаме како стануваат посилни, поздрави и поспособни.



912

X