Собата беше темна, само тој така малечок на креветот и јас до него. Му ја ставив раката на грбот зашто минута пред да заспие, со писклив детски глас рече: „Чеша“.

Има алергија, не знаеме зошто, па доби уртикарија по лицето и телото. Сака кога го чешаме и веќе гледам дека ќе ја задржи оваа навика и кога ќе помине алергијата. И ќе помине, само треба да верувате, велат баби и упорни оптимисти. Понекогаш ми доаѓа да ги испратам до пеколот кога ќе ми кажат: „Биди силна и верувај.“ Зарем?! Тоа е исто како да му ја кажуваш истата реченица на гладен човек! И јас бев гладна моето дете да биде како другите деца, а не да биде дете со посебни потреби. Да ми кажат дека нема аутизам и дека сѐ е во ред со него. Да не размислувам кој ќе се грижи за него кога ќе ме нема и дали ќе ги оковам моите постари две ќерки со тоа што ќе се грижат за него. Да не мислам дали ќе имаат свои семејства или ќе му го посветат животот нему.

Како што обично се случува, кога ќе ве погоди еден проблем, тој води до уште неколку. Така ми се случи и мене, да не бидам монотона, да останам без работа, па да најдам друга работа, па трета, четврта и сите оние работи во кои мислев дека нема да се снајдам. И отидов на сите тие работи, средена и насмеана, со полна глава и рането срце и го правев тоа што не ми се допаѓа или не ми е гајле и трчав дома кај оние што ги сакам и кои се грижат за мене. И машините низ куќата почнаа да ме изневеруваат и да се расипуваат, чудо едно. Како сѐ да се сврти против мене, што би рекле непоправливите песимисти. Станав себична во тоа кому ќе му го посветам слободното време, време што ќе го заштедам од вообичаеното малку време. Апсолутно се дистанцирав од луѓето кои ме оптоваруваа или ми ја одземаа енергијата. Ја собрав целата енергија за децата, особено за моето момче.

Цело време размислував дали ја правам вистинската работа и што е правилно за детето. Некои ме советуваа да ги прифатам работите онакви какви што се, а јас се изморив од тоа да се прашувам дали навистина „работите“ се такви какви што ми се претставени. „Лекарите се прекрасни луѓе, ама во неволја е тој што им паднал в раце“, слушнав одамна, ми се чини од дедо ми. И мислам дека најштетно е за здравјето кога безрезервно им веруваш на лекарите. Тие, како и повеќето луѓе, си одат дома од работа, се расправаат со сопружникот за ручекот, за пари или за љубовници и потоа се опиваат, а децата доцна се враќаат дома, па се грижат, а потоа си легнуваат доцна и одат на работа изнервирани, исклучени и ненаспани. Па вие баш таков ден погодувате, па тие половично ви го кажуваат своето стручно мислење, па тие одат да се смират со семејството, додека вие раскинувате со своето. И тогаш не ви преостанува многу освен сами да копате по интернет, нешто што може да ви биде од помош, сламка за спас.

Се приклучив на група мајки на деца со аутизам на „Фејсбук“, па преку нив и нивните објави отидов којзнае каде и стигнав до разни страници. Ги преведов нивните публикации и ги собрав, а потоа применив сѐ што мислев дека ќе ми помогне. Една од најбаналните работи ме налути толку многу што ја разниша мојата доверба во лекарите и нивната посветеност. А тоа е сознанието дека: без разлика кај кој експерт сум била, никој навистина не бил заинтересиран. Затоа што ако беа заинтересирани, ќе ми кажеа да го тестирам моето дете за кандида. Дали знаевте дека кандидата е толку подмолна што може да им создаде огромни проблеми на децата, така што навистина сè изгледа како детето да има аутизам?

Дали знаевте дека кандидата блокира различни центри во мозокот одговорни за говор и внимание?

Дали знаевте дека кандидата е многу полесна за лекување кај децата отколку кај возрасните и дека напредокот во говорот може да се забележи на почетокот на терапијата?

Дали знаевте дека терапијата против кандида е сосема природна? Тоа е природен начин на исхрана без шеќер (дури и овошје), без квасец, млеко и бело брашно?

Дали знаевте дека повеќето деца не би биле заробени во светот на аутизмот само доколку се посвети повеќе внимание на тоа кој и како ја работи својата работа?!

Работата на докторот не е иста како работата на келнерот, па да не е важно дали ви донел бибер и сол со супата! Докторот МОРА да каже сѐ што може да помогне, бидејќи светот долго време зборува за тесната врска помеѓу кандидата и аутизмот.

Во никој случај не сакам да пренесам оти препорачувам мајката да биде неактивна. Сакав да ви се пофалам дека моето момче, откако му беше дијагностициран аутизам, сега оди во градинка со други деца и си игра со нив без никаква пречка. Од фактот дека употребил само неколку значајни збора, главно на англиски јазик, не сакал да се гушка, не покажувал кон предмети, не мавтал, не одговарал на името, не се радувал на мама и тато, не забележувал… сега почна да користи реченици, многу значајни, знае и сака да се шегува, малку се шегува, често се смее, се гушка со мама и тато, не сака да спие без нас, а сестрите се среќни кога ќе дојдат дома од училиште и сака да оди во градинка – сето тоа нè погоди оваа година.

Сакав да напишам текст за мајки чии деца имаат некакво нарушување во развојот. Да им дадам ветер в грб и малку самовилски прашок, за да не се откажат, како што никогаш не би се откажало ниту детето од мајката.

Па, мислам дека тука е клучот.

Автор: Лидија Бизиќ

Извор



912

X