– Мојата куќа е во хаос. Не осудувај ме, мојата куќа е очајна. Не гледајте ми го домот, баш ми е непријатно. Колку пати си го слушнала ова, а и сама си ја изговорила реченицата.

Лаги, лаги и само лаги. Бидејќи кога влегувам во таа куќа, куќата на мајката која се извинува за состојбата на нејзината кујна или играчките во нејзината дневна соба, или невидливата нечистотија во нејзината бања, не можам да одлучам дали да ѝ се смеам в лице или зад грб – вели Елизабет Бродбент, новинарка и мајка на три мали деца.

– Жено, те молам. Твојата куќа не само што не е неуредна туку е и беспрекорна. Играчките на твоите деца се на тепихот, кој патем не е полн со трошки. Инсистирањето на тоа дека твојата куќа е валкана зборува за клиничка заблуда и твојата тајна желба да се чувствуваш виновна. Сериозно треба да престанеш да го правиш тоа.

Значи, за сите мајки што тврдите дека вашата беспрекорна куќа е во неред и за сите мајки што се плашат кога некој ќе влезе во нивниот дом, тоа ниво на чистење едноставно не е достижно поради децата/времето/кучињата/животот. Време е да поставите неколку упатства и да откриете што е нормално.

Што е нормално?

Нормално: Во твојата куќа има соба која секогаш останува преполна и неуредена, и таа никогаш нема да биде чиста.

Нормално: Детските играчки за капење се наоѓаат онаму каде што се откако си замина водата од кадата. Немој да ја влечеш завесата, знаеш што стои зад неа.

Нормално: Твојот мијалник е полн со садови, твојата машина за миење садови е полна, масата и работната маса се полни и не можете да најдете чиста лажица.

Нормално: Не го гледаш подот во твојот автомобил. А каде на друго место би ги фрлила пакувањата или брзата храна или пелените?

Нормално: Заборави да го фрлиш ѓубрето.

Нормално: Дел од твојот дом е во неупотреблива состојба подолго отколку што јавно би признала.

Значи, твојата куќа е навистина чиста и треба да престанеш да се извинуваш или барем еднаш треба да го надминеш срамот и да се забавуваш со пријателите. Никој нема да ја гледа твојата трпезарија ако не погледнеш ти во мојата.

Автор: Елизабет Бродбент

Извор



912

X