Што е социјално-емоционално учење и како помага повторно да ја вратите радоста, особено во текот на оваа пандемија? Ако сте родител кој се грижи за своето дете, не сте сами. Пандемијата нè погоди сите на многу начини: финансиски, медицински, академски и социјално. Социјално-емоционалните грижи постојано се високи, а родителите се борат со ситуацијата. Како родител на две деца, моето срце се крши за нив.

Каде е забавата? Како сè уште може ова да се случува? Зошто некој не може да го поправи сето ова?

Ние, родителите, го слушаме ова од нашите деца и се чувствуваме беспомошни. Сигурно дека со задоволство би го промениле тоа да беше можно. За среќа, има работи кои сè уште може да ги правите како родител за да создадете радост и да му помогнете на вашето дете да остане социјално и емоционално фокусирано.

Ова се 5 начини на кои родителите може да го користат социјално-емоционалното учење за да им ја вратат радоста на своите деца.

Ставете се во нивни чевли


Вашето дете има потреба од вас повеќе од кога било – дури и ако не го покажува тоа. Светот стана голем и непрепознатлив и без животно искуство, може да биде страшен. Социјално-емоционалните грижи постојано се високи. Немате идеја каде се движите, но вашата присутност и смиреност може да им помогне на децата во вакви случаи. Ставете се на нивно место. Навистина е тешко време. Што и да употребувате – медитација, длабоко дишење, вежбање, дури и криење во бањата – обидете се да ги вратите емоциите во нормала. Тој баланс ќе ви овозможи да се справите со своите емоции и да бидете емпатични кон своите деца.


Изберете активност за секој ден


Наместо да кажете: „Зошто не ги креирате оние видеа што отсекогаш сакавте да ги направите?“, кажете: „Зошто не седневме и не избереме некои интересни теми за кои можеме да направиме видеа?“ Ако смислувате нова тема секој ден, тоа ќе му помогне на детето да остане фокусирано и заинтересирано. Ако вашиот син, на пример, сака тенис, може еден ден да ја удира топката од ѕидот. Следниот ден може да ја вежба својата бекхенд-техника.

Набљудување и приспособување на тонот

Секој понекогаш е изморен, тажен, лут и осамен. Ако го запомните ова, тогаш таа свесност ќе ви помогне кога некој член на семејството ќе има таков момент. Смислете збор или фраза што секој ќе ја препознае како код за враќање во цивилизираноста. Целото семејство треба да се обиде да биде повеќе трпеливо. Споделувајте со децата како изгледа почитта и признајте кога се борите со нешто, без срамење кажете го кодот кога нервозата ќе биде на високо ниво, а нивниот тон нема да содржи почит.

Интереси и силни страни


Кога и двете страни се во добро расположение, најдобро е да се обрне внимание на интересите и силните страни. Сигурно и вие и децата имате повеќе време од порано, па направете пакт да не го трошите беспотребно. Бидете си ментори едни на други и потсетувајте се што е она што го сакате и каде можете да најдете радост. Можеби и вие и децата ќе излезете од оваа пандемија со нова страст.

Останете фокусирани

Ви недостигаат пријателите и поранешните активности. Не мора да бидете постојано храбри и да инсистирате дека сè е во ред. Во ред е да се сподели и разочарувањето – и вие сте луѓе. Заедно можете да смислите начини кои ќе го подобрат расположението на секој член од семејството. Размислувајте вака – 2021 година, за подобро или полошо, е година за кршење на старите правила. Пандемијата е тешка за секој член на семејството. Споделувањето начини за надминување на борбата, на заедничка основа, ќе помогне во зацврстување на врските и создавање нови спомени кои ќе бидат позитивно нешто во еден од најлошите периоди во историјата.

Автор: Каролин Мекгвајер

Извор



912

X