„Несовршено, под секое очекување, длабоко во рововите на родителството…“ До крајот на нејзиниот одговор ќе се смеете и од мака и од убавина…

Кога ќе станете родители, романтиката добива некако сосема поинаков облик, па оние мудрите се приспособуваат и учат да уживаат во него. Без разлика дали славите петта или, како оваа дама, петнаесетта годишнина од бракот, оваа објава ќе ве насмее и разнежни, бидејќи – тоа е тоа.

„Оооо, па како сте ја прославиле 15-годишнината од бракот?

Паааа, спиевме до 9 часот и 30 минути, што е славење само по себе, испивме кафе на сончевата тераса додека дуваше свеж ветер, ги нахранивме децата, го одведовме најмалечкото на фризер каде што се боревме со него додека не му ја скратија косата, ги ставивме летните гуми во багажникот од возилото за да ги смениме, го избањавме малиот бидејќи беше преполн со влакна, им купивме на децата базен на дување, кој излезе дека е преголем за нашата тераса (за да можам да ги пружам алиштата морам делумно да влезам во базен), но децата се среќни, па нема врска, готвевме боранија за ручек, испрживме компир и тиквички, го надувавме базенот, го наполнивме и потоа речиси шест пати од тоалетот носевме топла вода бидејќи водата беше премногу студена, а дуваше, се наоблачи, немаше доволно сонце, па се тресеа како лисја на ветер и повторно, нема врска, бидејќи баш беа среќни, им ги бришевме газињата, сечевме лубеница, бришевме сок од лубеница од подот, вклучивме правосмукалка, повторно бришевме, го наполнивме мијалникот, направивме тост и го спакувавме со кекси, отидовме во парк полн со деца каде што настана вистинска журка, бидејќи другите мајки донеле чипс, кроасани и други глупости, па не се знаеше кој што јаде и кој од кого зема и одзема, се смеевме и се радувавме (бидејќи тоа е детството), на сите им раскажаа дека сме „направиле базен“, а другите деца го сфатија тоа како да имаме најмалку олимписки базен дома, купивме најлон на враќање за да го покриеме базенот во текот на ноќта, ги измивме, ги пресоблековме децата, ги ставивме во кревет, ги дочекавме дадилките, со трчање отидовме на прошетка во градот (бидејќи некој може да се „повампири“ и да почне да плаче и да ја бара мама), а мисијата беше: да се најде совршено, романтично место за прослава на годишнината: но на првото место нешто многу мирисаше, па станавме и си заминавме, на другото имаше преголем метеж, на третото: повторно немаше слободни маси, на четвртото за мезе служеа само колбаси, па завршивме таму каде што одиме секогаш, во соседството, со пиво и грицки, не го озборувавме семејството, зборувавме до бесвест и се смеевме, а за назад, кон дома, во самото соседство, наидовме на совршен романтичен локал кој се отворил пред два дена, а немавме поим, иако веќе бевме премногу изморени за тоа да биде важно. Се „онесвестивме“ на троседот со „Кралицата на Југот“ на „Нетфликс“, пиејќи по едно пиво.

Па, одговорот на прашањето: Како поминавте за вашата петнаесетта годишнина од бракот?

Би рекла: несовршено, под секое очекување, длабоко во рововите на родителството, партнерството и љубовта. Во бракот слободното време и романтиката се луксуз тогаш кога улогата на родител ја сфаќаш сериозно, а кога имаш со кого таа улога да ја поделиш, е тогаш, има ли нешто поромантично од тоа?
Со кафе утредента го коментиравме претходниот ден: „Беше убаво вчера, нели?

Потоа заедно составивме листа за на пазар. Романтика е тоа! Мислам, зарем не е?

Извор



912

X