Тантрумите, или детските изливи на бес и гнев можат да бидат исклучително предизвикувачки и за децата и за родителите. Во овие ситуации некои родители посегнуваат по мобилните телефони и таблетите и им ги нудат на своите деца, во надеж дека ќе ги смират. Но, поминувањето многу време пред екраните може негативно да влијае врз децата. Еве неколку алтернативи како да го смирите детето кое доживува тантрум.

1. Прво смирете се вие

Кога вашето дете плаче и вреска, првото нешто што треба да го направите е да се смирите. Не реагирајте веднаш на неговото однесување. Тоа може да го смири.

2. Играјте со детето

Не е тајна дека децата сакаат да играат, па затоа играњето е еден од најдобрите начини да го смирите детето. Откривањето нови активности ќе ја охрабри неговата креативност и ќе го привлече неговото внимание.

3. Прашајте го детето за мислење

Поставете му на детето директно прашање за да откриете што би можело да го смири. Се разбира, тоа не значи дека ќе се согласите со неговото барање за кое инаку не би се согласиле.

4. Пејте му

Ова е одличен трик за смирување. Кога ќе забележите дека детето е лошо расположено, обидете се да ја пеете неговата омилена песна.

5. Прегрнете го детето

Прегратките се одличен начин да обезбедите удобност, а исто така помагаат и во намалувањето на емоционалниот стрес.

6. Замолете го детето да дише длабоко

Ако детето е фрустрирано, замолете го длабоко да дише. Научете го како да го направи тоа.

7. Исклучете ги светлата

Понекогаш исклучувањето на светлата е најефективниот начин за смирување на децата. Новороденчињата се навикнати на удобноста и безбедноста на тивката и мрачна матка.

8. Излезете надвор

Кратка прошетка може да им помогне на децата да се смират. Исто така, свежиот воздух на сите им помага да се чувствуваат подобро.

9. Пренасочете им го вниманието

Прашајте го детето која е неговата омилена боја, кои се неговите омилени панталони или што убаво му се случило денес.

10. Пуштете бел звук

Обидете се да ја пуштите правосмукалката наредниот пат кога вашето дете ќе плаче. Теоријата вели дека овие звуци го имитираат она што бебето го слуша во матката како што крвниот притисок на мајката поминува низ плацентата, и тоа ги смирува.

Автор: Пратишта Тивари

Извор



912

X