Независната самостојна игра е вештина која децата ќе ја користат до крајот на својот живот – и начин да се обезбеди време за родителите во текот на зимскиот период. Како да функционира сето тоа додека сте затворени внатре:

Започнете со поврзување

Децата треба да знаат дека им го чувате грбот, односно дека сте тука некаде. Поставете тајмер за 20 минути играње со вас (без телефон, без попречување). Потоа прегрнете ги и кажете им дека сакате да ги гледате додека играат.

Покани за играње

Можете да поставите кукли на чајанка или камиони со мали купчиња сув грав – поделете ги лего-коцките по боја или изградете половина структура, или превртете ги сложувалките наопаку. Потоа повикајте ги на самостојна игра и не приоѓајте им додека се забавуваат.

Направете места за неред

Не плашете се да користите материјали како боја, песок, глина, па дури и вода. Така децата ќе бидат ангажирани. За да го спречите нередот, бидете креативни. Авитал Шрајбер-Леви, тренер за родителство од Њу Џерси, ѝ дозволува на својата 2-годишна ќерка да си игра со крем за бричење во кадата, активност која ја забавува повеќе од еден час.

Изградете зона за движење

Тргнете го мебелот, па наредете меки предмети – перници, простирки за јога или вреќи за спиење. Со малку среќа, вашите деца на крајот ќе направат тврдина која ќе ги забавува со часови.

Останете поврзани

Често кога родителите претставуваат независна игра, тоа е како затворање на вратата пред лицето на детето и како да велат „оди да играш надвор“ – вели д-р Лоренс Џ. Коен, автор на книгата „Заиграно родителство“.

Запомнете…

Не вознемирувајте се ако вашето дете не е добро во самостојната игра на почеток. Нашите деца се навикнати да играат во согласност со планирани активности, распореди и време за пред екраните, па природно е за нив ова да биде процес на учење.

Автор: Кејт Роуп

Извор



912

X