Еден ден, старецот се шетал и уживал во убавината на природата – била толку убава и полна со светли бои. Баш во тој момент здогледал човек како носи товар на рамена, толку голем што едвај стоел на нозе.
Старецот застанал и го прашал:
„Човеку, зошто толку си се натоварил? Дојди да одмориш и заедно да уживаме во природата“, рекол.
„Не можам, немам време“, одговорил човекот. „Морам да работам за моите деца и внуци да живеат среќно. Тоа е начинот на кој досега сме опстанале – мојот прадедо работел за дедо ми да биде среќен, дедо ми на татко ми да му направи добро, татко ми работел за мене, а јас ќе работам заради среќата на моите деца“.
„Дали некој од вашето семејство некогаш бил среќен, успешен?“ – мирно прашал старецот.
„Засега никој, но моите деца и внуци ќе бидат!“, одговорил очајно човекот и почнал да оди по својот пат. Тогаш старецот му ги рекол следните мудри зборови:
„Да ви кажам нешто, неписмена личност не може никого да научи да чита и да пишува, но секој може да ја научи среќата. Само за да ги научите децата и внуците на среќата, прво тоа мора да го научите самите“.