„Јас сум Марина и јас сум немајка“ – порака на една жена открива како навистина живеат среќните мајки на Балканот.

Таа реши да ги разбие сите предрасуди што денес ги создаваат „жените, мајки, кралици“ и успеа.
Денес е популарно да бидеш „жена, мајка, кралица“. И ако случајно помислете дека не можете да одговорите на тој предизвик, тогаш по инерција за себе треба да мислите дека сте лош родител. Сепак, реалноста е малку поинаква.

„Балканската мајка“ мора да може сè.
Така, навистина е тешко да се опише како треба да изгледа денот на „супержената“ која е насмеана, смирена мајка, која е успешна бизнис-жена и добро заработува, а истовремено наоѓа време да зготви ручек секој ден.
Сепак, постои впечаток дека има многу такви. Оние чии ормани се во перфектен ред имаат деца кои ги враќаат играчките таму од каде што ги зеле бидејќи тие успеале уште од мали нозе да ги научат на тие правила, и тоа не со тепање, туку со постојано зборување и давање добронамерни совети и квалитетни пофалби.
Секојдневието на една жена од регионот е сосема поинакво и затоа таа одлучи себеси да се нарече „немајка“. Затоа одлучила да опише како изгледа еден сосема обичен ден.

Ова го напиша на својот фејсбук-профил:

– Јас сум Марина и сум немајка. Немајка ви е популарен израз за мајка која не „игра по правилата“ на мајчинството на сите големи мајки на денешницата.

Ова е мојот несин, кој денес самиот месеше погача. Истиот тој несин го презеде тестото бидејќи мојата тримесечна неќерка врескаше од петни жили.

Кога конечно престана, јас немајката и мојот несин од погачата направивме солени стапчиња. Тестото не успеа, но затоа неколку килограми брашно паѓаа на подот како снег.

Од мојот совршен, стерилен стан останаа само сеќавања! Го презедоа моите совршени, нестерилни деца. Едното се влече по подот, а другото е покакано до вратот!
И тоа не е сè.
Јас немајка ја носам својата ќерка додека голтам ибруфени како да се тик-так. Не ја учам в раце, туку на срце!
Јас немајка со бакнежи лекувам сè!
Не ја мијам цуцлата кога ќе падне на подот, туку ја ставам в уста, а потоа ѝ ја давам. Илјада пати дневно собирам по едно солено стапче од подот, го дувам и го ставам в уста.
Јас немајка, навечер ја пуштам машината за сушење на алишта, па седам меѓу неа и машината за перење и плачам, кога конечно сите ќе заспијат.
Јас немајка имам уште милиметар од црвениот лак на ноктите. Имам воспаление на бубрегот, но танцувам со син ми. Плачам подоцна.
Станувам рано. Хулахопките за градинка да му ги загреам.
Јас не ја ставам својата слика на „Фејсбук“ бидејќи во мојата куќа изгледам како бездомник. Си играм со децата, кога ќе стигнам да ги измијам забите, од среќа плачам, и кога два часа ќе отспијам, уверена сум дека сум мртва!
Јас сум немајка, а моите деца се недеца. Мојот син се санкаше додека прстите не му отпаднаа. Томи го носам сè додека како тажна врба не се наведнам на подот, и кога мојот маж Иван ќе нè види сите нас и станот во брашно и ќе нè праша: „Што ви се случи?“, јас му кажувам – ИВАНЕ, НА ТВОЈАТА НЕЖЕНА И НЕДЕЦА ИМ СЕ СЛУЧИ ЖИВОТОТ!
Тогаш тој пукнува од смеа, го отвора пивото и станува немаж и нетатко, а ние….
Ние стануваме и остануваме СРЕЌНИ!

Баш вака живеат многу мајки на овој Балкан и тие се навистина среќни, бидејќи кај нив не постојат правила. Тие живеат со своето семејство со полна гради.



912

X