Сите се грижиме за ефектите што пандемијата на Ковид-19 ќе ги има врз децата, особено за физичкото здравје, но според статистиките кои посочуваат дека потребите во однос на менталното здравје се во експоненцијален пораст кај децата, менталното здравје станува дел од таа дебата, исто така.

Како психолог за деца кој практикува „телехелт“ терапија со деца и тинејџери, можам да кажам дека на децата им е потребна поддршка сега повеќе од кога било. Повеќето осигурителни компании се на ниво на предизвикот, покривајќи го телехелт-секторот за бихевиорална медиција првпат во историјата, некои дури и даваат учество (барем засега). Овие дејства го зголемија пристапот кон грижата за менталното здравје, како што чекаме за моментот кога враќањето во канцеларија за да се види терапевт ќе биде повторно вообичаена активност.

Не е изненадување, сепак, дека видеотерапијата не е иста како и терапијата со физичко присуство, особено кога се работи за терапија со деца. И додека истражувањата и доказите го поддржуваат телехелт-начинот со децата, како вредносен начин за добивање третман за менталното здравје – научив неколку работи овие месеци. Ако вашето дете добива терапија преку видео или ако имате предвид да започнете со терапија за вашето дете, ова треба да го знаете:

Теле-терапијата функционира

Онлајн-терапијата со деца може да биде сосема нов свет, но тоа е свет на кој сите треба да работиме за да успее, а последното нешто што им треба на нашите деца е губење на поддршката. Телехелт-терапијата со возрасни е исто така ефективна како и со физичко присуство, со оглед на фактот дека луѓето и на тој начин се задоволни од дадената поддршка. Една предност на таквиот начин на примање терапија е што помалку луѓе се откажуваат.

Нема многу истражувања за децата и тинејџерите, но студиите од оваа област се ветувачки. Децата и тинејџерите кои сега ме гледаат преку уред, сакале да продолжат да се среќаваат, па продолживме да работиме на третманот, без разлика на локацијата каде што се одвива терапијата. Колку е помладо детето, пак, толку повеќе морам да го приспособувам начинот на кој ќе се одвива терапијата. Тоа вклучува повеќе ангажираност од родителите или пократка сесија поради ограничената способност на децата за задржување на фокусот.

Можеби најголемиот предизвик беше интегрирањето на потребната улога на играњето. Децата процесираат стрес и изразуваат емоции преку игра и често полесно дискутираат за тешки теми ако дискусијата се случува за време на игра.

Важно е и времето за сесија

За помалите деца и оние со вишок енергија, сум сведочела како се преминува од училишна „Зум“ сесија кон „Зум“ терапија, што предизвикува многу ниска мотивација за одржување на третманот. Понекогаш распоредот може да го направи сето тоа неизбежно.

Слушалките може да помогнат да се блокира надворешната врева

Заднинските звуци може да се слушаат многу јасно, особено поради обидите родителите да го менаџираат хаотичното домаќинство. Но, детето што носи слушалки може полесно да се фокусира на терапијата наместо на домашните активности.

Обезбедете приватност колку што е можно повеќе

Често прашувам: „Дали некој друг може да ве слушне сега?“ бидејќи друг член на семејството со самото присуство во собата може да го одвлекува вниманието и индиректно да го цензурира она што детето треба да го каже. Дури и ако нема друг начин да се превенира роднината да се движи наоколу додека трае сесијата, сето тоа ќе влијае врз тоа какви прашања ќе поставувам и како ќе го водам разговорот. Колку поголема приватност обезбедите за детето, толку подобра работа ќе завршиме.

Автор: Емили Едлин

Извор



912

X