Утринското брзање за училиште или градинка често завршува со истото сценарио: прескокнување на појадокот или посегнување по готови печива полни со шеќери. Познатата нутриционистка Џој Бауер споделува три одлични рецепти кои се подготвуваат однапред, се чуваат во ладилник или замрзнувач и за неколку минути ви обезбедуваат здрав, протеински оброк за децата.
1. Мафини-фритата со зеленчук и кашкавал
Овие мали протеински залаци нудат вкус на класичен омлет, но во форма на практично мафинче.
- Како се подготвуваат: Јајцата се матат со малку јогурт, а потоа се додаваат пропржен зеленчук, свежи зачини и рендан кашкавал.
- Флексибилност: Потоа се печат во калап за мафини. Рецептот лесно се приспособува според вкусот на детето, може да додадете брокула, спанаќ, тиквички, печурки или млад кромид.
- Подготовка однапред: Направете една серија за викендот, чувајте ги во ладилник и само подгрејте ги наутро.
2. Палачинки со боровинки и овес од тава (без превртување)
Совршено решение за сите што сакаат палачинки, но немаат време да стојат покрај шпоретот и да ги превртуваат една по една.
- Како се подготвуваат: Смесата се прави од овесни снегулки, зрели банани, јајца и сочни боровинки. Наместо во тава за палачинки, целата смеса се истура во голема тава за печење и се пече наеднаш во рерна, а потоа се сече на 12 квадратчиња.
- Сервирање: Се послужуваат топли со малку јаворов сируп, мед, свежи овошја, грчки јогурт или путер од јатки (бадем/лешник).
- Чување: Можат да се замрзнат и да се подгреат во тостер или микробранова за брза ужина.
3. Домашни ќофтиња со јаболко и јаворов сируп
Вкусна комбинација на солено и слатко која дава долготрајна енергија благодарение на протеините.
- Како се подготвуваат: Се прави смеса од мелено мисиркино или пилешко месо, изрендано јаболко, малку јаворов сируп и зачини. Се обликуваат мали ќофтиња и брзо се пропржуваат во тава.
- Како да ги сервирате: Може да ги понудите со варено јајце, овошје или овесна каша, а одлични се и во форма на домашен сендвич, во интегрално лепче со малку кашкавал, домат и авокадо.
- Замрзнување: Се замрзнуваат одлично и се спремни за подгревање за само неколку минути.