Дали сте знаеле дека нормалната папочна врвца има три крвни жили? Две артерии и една вена. Многу луѓе мислат дека папочната врвца е само „цевка“ која му пренесува хранливи материи на бебето. Меѓутоа, од фотографијата што ја споделила Кајла Хадфилф на својата страница „Intricately Woven Birth Services“, јасно се гледа дека папочната врвца е многу посложена и е составена од:

Вена, која носи крв со кислород и хранливи материи до фетусот, и две артерии, во кои тече деоксидирана крв, како и отпадни материи (на пример, јаглероден диоксид) низ постелката и во крвотокот на жената за да се отфрлат.

Папочната врвца влегува во плодот преку абдоменот, во точка во која по одвојувањето ќе настане папокот. Во плодот, папочната врвца оди кон порта хепатис – вратата на црниот дроб, каде што се дели на две гранки. Едната се спојува со вратата на црниот дроб, која носи крв во црниот дроб. Втората гранка (позната како дуктус веносус) го заобиколува црниот дроб и се влева во долната шуплива вена, која носи крв кон срцето. Двете белодробни артерии се разгрануваат од внатрешните илијачни артерии и одат од двете страни на мочниот меур во папочната врвца, за на крајот да отидат во постелката.

По породувањето, тие вени сами се затвораат. Артериите први се затвораат поради мускулите со кои се опкружени, а потоа се затвора папочната вена за оксигенираната крв да се врати кон бебето од постелката. На самото породување, постелката содржи една третина од масата на бебето, а одложувањето на сечењето на папочната врвца неколку минути овозможува крвта преку папочната врвца да му се пренесе на бебето.

Предноста на одложеното сечење

 

 

View this post on Instagram

 

‘I love inspecting the vessels in umbilical cords. My awe never ceases over how our bodies are so intricately woven in the womb. I love to share my excitement over what others consider ‘gross.’ – “A lot of people think it’s just a ‘tube’ of sorts transporting nutrients to their baby. But…it’s so much more intricately designed than that!” Full story in our bio, and on LoveWhatMatters.com #LoveWhatMatters #Beautiful #Love #InstaLove #LoveWins #LoveAlwaysWins #SelfWorth #CherishEveryMoment #LoveEachOther #Kindness #Hope #Joy #Compassion #Parenting #LoveIt #Birth #placenta #birthdoula #Infant #Child #Pregnancy #Wow #umbilicalcord #LoveAlways #Struggle #ChooseLove #SpreadLove #LoveMore #MomLife #Motherhood ❤️ Credit: @intricatelywovenbirth

A post shared by LoveWhatMatters.com (@lovewhatmatters) on

Ерика Спириќ од Хрватското здружение за промоција на акушерство ги објаснува предностите на одложеното сечење на папочната врвца.

– По раѓањето на детето, папочната врвца продолжува да пулсира. Времето кое е потребно за таа да престане да пулсира се разликува индивидуално, може да трае и повеќе од 5 минути. Неисечената папочна врвца на детето му дава дополнителен кислород, додека срцето и белите дробови се приспособуваат на промените во дишењето, од она во водено опкружување по чиј пат добивало храна од мајчиниот крвоток, на опкружување во кое белите дробови мора да се шират и бебето да почне да вдишува воздух.

Додека папочната врвца уште пулсира, новороденчето би требало да биде на мајчиниот стомак или во нејзината прегратка, додека и двајцата поминуваат низ најдуховните промени во своите животи. До сечењето на папочната врвца, тоа е последната врска на мајчиното тело со детето. Физиолошки прво би требало да се случи раѓање, контакт на мајката со детето и дури потоа раѓање на постелката. Со раното стегање на папочната врвца (од 0 до 30 секунди), новороденчето останува без 54-160 милилитри крв, а зголемен е и ризикот од анемија во детството. Ако папочната врвца се стега подоцна (од 4 минута до престанувањето на пулсирањето) доаѓа до трансфузија на крв кон детето со создавање депозити од околу 50 милиграми железо, што е превенција во појавата на подоцнежна анемија – вели Спириќ.

Автор: Ана Шефчек

Извор



912

X