Да сакаш… Кога го запознав мојот сопруг, мислев дека никогаш нема да бидам позаљубена во него. Како што минуваа годините, мислев дека повеќе од тоа не може да се сака. На 22 април, бабицата во собата донесе бебе. Веднаш знаев дека е нашето бебе. Неверојатно личи на него. Заплакав од среќа и почувствував болка во градите од љубовта што во моментот ја почувствував кон мојот сопруг.

Колку му се восхитував на тоа мало чудо, толку сакав и тој да е тука, да се скриеме во неговата прегратка. Треба тоа да ни го овозможат.

Оттогаш поминаа два месеца, а тие двајца и понатаму ја делат мојата љубов еднакво и ништо помалку од тој ден во болницата.

Никој не нè предупредува на толку среќа, страв, грижа… секое чувство што постои на овој свет што може да го почувствува една мајка. Мајка која би дала сè на светот за тоа бебе. Тогаш сфатив што ми овозможија моите родители: и јас бев бебе покрај кое седеше мајката и го гледаше додека спие, мајка која живее за прегратка и бакнеж.

Колку и да ги сакате вашите родители, кога ќе го сфатите тоа, ќе мора да ги сакате уште посилно. Затоа велам ФАЛА за тоа мое мало чудо. Фала што знам дека светот е љубов.

Автор: Софија Бошковиќ

Извор



912

X