– Ања! Ања! Ме слушаш кога ти се обраќам?

– Молам?

– Што правиш?

– Правам лего-куќа за барбиката. Види, влегуваш овде…

– Лего-куќа? Како не ти е срам?

– Што?

– Имаш нешто за домашно?

– Не.

– Не? А математика?

– Не.

– Ајде, размисли.

– Немам ништо.

– Ма немој. А 17 и 18 страница?

– Не. Наставничката рече дека утре ќе ги работиме.

– Ања, ова е последната шанса да признаеш дека заборави.

– Не заборавив, немам ништо по математика, утре ќе ги работиме 17 и 18 страница.

– А сите тие луѓе на вибер-групата, луди се? Сите што велат дека наставничката ги даде за домашно? За среќа, има деца кои следат на час, за разлика од тебе. Фала му на Бога што ја имам вибер-групата, инаку ќе го повтореше одделението.

– Немам домашна по математика и не го кажа тоа. Рече дека треба да се научи песната, а јас ја научив. Рече…

– Математика.

– Не рече ништо за математика.

– Остави ги лего-коцките и веднаш реши ги задачите од 17 и 18 страница.

– Но, таа не го кажа тоа.

– Што е ова?

– Вибер.

– Погледни подобро. Гледаш што велат родителите?- Не читам на латиница.

– Еве ќе ти прочитам: „И Мила го вели истото“. „И Богдан“. „И Сергеј“. „Нина вели 17 и 18“. „Елена вели 17 и 18“. Има над 20 пораки дека тоа ви е за домашно.

– Мамо, наставничката не рече да ги изработиме.

– Реков остави ги лего-коцките и заврши ја задачата.

– Ама мамо, подоцна наставничката ќе се налути ако ги имам изработено однапред.

– Кажи ми кога ќе завршиш. И немој да те видам да плачеш. Ќе пишам во групата дека и ти го кажа истото за да не се срамам.

– Ама јас велам дека не треба. Не сакам да ги работам.

– Не сакаш? Госпоѓицата не сака да ја заврши домашната? Засрами се. Седни и работи. Ќе дојдам за половина час да проверам.

– Ама…

– Збор да не слушнам. Погледни колку е часот. Кога ќе завршиш?- Добро, ќе ја напишам, ама…

– Тишина. Одам да направам вечера, а ако не завршиш кога ќе се вратам, нема одење на кино утре со Јана.

– Ама…

(По половина час)

– Ања?

– Еве, уште малку и готово.

– Ања, земи ја гумата и бриши.

– Молам?- Бриши кога ти велам. Што ме гледаш?

– Сега да бришам?

– Бриши! Таткото на Реља рече дека не треба да се работат 17 и 18 страница. Утре ќе ги работите.

– Па нели ти кажав…

– Не зборувај сега. Бриши и внимавај да не скинеш.

– Убаво ти кажав, а ти ме принуди…

– Престани да плачеш. Бриши! Еве ќе ти помогнам. Си го обоила јаболкото. Кој ти рече да боиш со фломастери?

– Ама, мамо, ти… Јас ти реков… Не ми веруваше, а кога кажа таткото на Реља, веруваш.

– Ти реков да престанеш да плачеш. Реља е најдобар ученик и му верувам. Бриши.

– Ама не ми веруваше и по англиски…

– Добро, извини, згрешив. Сега што? Подобро види како да го избришиме фломастерот. Уф, ја скинав хартијата.

– Мамо…- Престани да плачеш. Гледај, хартијата воопшто не е добра, ја допираш и се кине. Чекај да донесам селотејп.

– Ќе се гледа, искинато е.

– Знаеш што? Сама направи си го. Луда сум што сакам да ти помогнам. Ќе излезам од вибер-групата, па имај ги сите единици.

– Ама…- Еве, бриши сама, ти знаеш повеќе. Мислиш дека групата е за мене? Не, драга, за тебе е. Ако не сакаш да ти помогнам, полесно за мене. Кога ќе завршиш, дојди да вечераш. Немам повеќе нерви.

Автор: Маја Бугарчиќ
Извор



912

X