Се сеќавам на едно предавање за воспитувачите, прекрасната Жана Борисављевиќ, нè праша:
– Зошто децата одат во градинка?
Ние набројувавме: да се социјализираат, да се осамостојат, да научат да споделуваат…
Одговорот што таа сакаше да го слушне беше: – Децата одат во градинка за да учат.
Следното нејзино прашање беше: – Која е најважната работа што децата треба да ја научат во градинка?
Ние повторно набројувавме: да се социјализираат, да се осамостојат, да стекнат културно-хигиенски навики…
Повторно успеа да нè доведе до вистинскиот одговор: – Најважно за детето во градинка е да научи како изгледа животот на возрасниот човек.
Нè праша: – Како ќе го научите детето за животот на возрасниот човек кога не знаете како животот ќе изгледа за 20 години? Човекот кој го измисли авионот не можел ни да претпостави дека во неговиот изум ќе се возат толку луѓе одеднаш и дека со неговиот изум луѓето ќе летаат низ целиот свет. Човекот што го измисли компјутерот тогаш не знаел дека секој дом ќе има по еден или повеќе компјутери. Како тогаш? Што мислите, што е најважно да го научите детето за да биде спремно за животот за кој не би можел ни да претпостави каков ќе биде?
Одговорот на ова прашање го најдовме за брзо време: – Најважно е да го научите детето да се приспособи!
На платното видовме цвет кој израсна од бетон…
Автор: Милица Голубовиќ, воспитувачка од Белград