Наставничката Бојана Пешиќ од Ниш, Србија, со своите ученици спровела две работилници чија цел била тие да научат да ги препознаат и искажат своите чувства, а пред сè бесот.

Бесот е нормална емоција и целта на возрасните не треба да биде да ги научат децата да го потиснат и да не го чувствуваат, туку сите негативни емоции да ги изразат на начин на кој нема да се повредат ниту себеси ниту другите.

Еве како Бојана вежбала со своите ученици:

– За да им помогнам на децата да ги изразат своите емоции, без оглед дали се добри или лоши, спроведов две работилници на темата: „Мојот бес“.

Децата најпрво ги извикуваа своите имиња најгласно што можеа. Потоа спроведов игра, асоцијација во круг. Дополнете брзо: – Бесен сум како (рис, куче, итн.). Кога сум бесен ми доаѓа да…

Затворете ги очите и сетете се како е кога сте лути или бесни. Каде во телото почнува да расте бесот и како се шири, до каде стигнува?

Размена во круг: – Каде во телото чувствувате бес, од каде почнува, како се шири, до каде стигнува?

Стратегија за смирување: размена во круг: – Кога сте бесни, како самите се смирувате? Што правите, за што размислувате?

Спроведување на играта: „Јазол“.

Сите се фаќаат за раце и почнуваат да се провлекуваат под туѓи раце додека не се испреплетат; кога немаат каде да се провлечат, почнуваат да се пуштаат.

Важно е во текот на целата игра да не го прекинат кругот.

На друга работилница го наоѓаа гласот или слогот што најдобро го искажува бесот. Го цртаа својот бес, каде го чувствуваат во телото и го означуваа со боја.

Размена во круг: Покажување и објаснување на цртежот.

Што можеме да направиме кога сме бесни, а да не се повредиме себеси ни другите?

1. Да нацртате што ве изнервирало. Може хартијата да се стутка и да се фрли што подалеку.

2. Удирање по креветот или со рацете по перницата.

Учениците наведуваат начини како се однесуваат во такви ситуации.

Целта на активноста е да им се даде можност да го изразат бесот и да развијат стратегија за пребродување, а не потиснување на бесот.

Извор



912

X