Мајка по име Ксенија за еден портал решила искрено да им се обрати на сите татковци на деца со попреченост, да ги мотивира и да ги поттикне да се чувствуваат поубаво и посигурно.

„Прво, дозволете ми да ви аплаудирам! И тоа затоа што сте родител, а не дадилка. Затоа што сте секогаш тука во моментите кога другите татковци би рекле: Ова е претешко.

Татковството сега изгледа навистина поинаку отколку кога ние растевме. Растевме, барем повеќето од нас, така што не покажувавме кога ни беше тешко и кога бевме повредени. Сега ги одгледуваме децата чии потреби се чинат несовладливи со балансирањето на работата, бракот, останатите деца, носењето на училиште, медицинските трошоци за детето со посебни потреби.

Голем број бракови со деца што имаат посебни потреби завршуваат со развод бидејќи повеќето родители се чувствуваат дека не успеваат и покрај тоа што го даваат максимумот. Тоа не точно. Се разбира, кога вашиот син вреска и лупа по ѕидот, почнувате и вие да врескате и да губите контрола, па подоцна се каете. Но верувајте, не сте сами. Така се чувствува секој родител.

Не сте сами!

Се обидувате да ги прочитате сите текстови што ви ги праќа сопругата, одите на сите состаноци на кои ќе успеете. Се чувствувате како постојано да работите на нешто и се борите да не ги изгубите нервите во хаосот што ќе го затекнете. Тоа е сосема нормално. Без разлика на општеството кое го набљудува вашето дете како со посебни потреби, или вас како не баш добар татко, доколку сте присутни во животот на детето и се трудите, дефинитивно сте најдобриот човек во неговиот свет.

Што е она што му е потребно на вашето дете? Да има татко кој ќе се сети да диши длабоко. Иако се чини дека се како мали диктатори, тие се само деца. Пуштете ги да го истурат пијалакот, да се качуваат кога имаат вишок енергија. Сетете се дека со викање нема ништо да постигнете, бидејќи токму со тоа ќе покажете дека вие сте се изгубиле. Треба да почувствуваат во вашиот тон и акциите што ги преземате дека ги сакате без разлика на сѐ, бидејќи им е доволно тоа што околината ги потсетува дека се неуспешни. Им треба вашето охрабрување многу повеќе отколку вашите критики. И прегратки повеќе од што било друго.

И, драги татковци, треба секогаш да знаете дека сте дале сѐ од себе.

Сетете се дека имате партнер покрај себе и држете се секогаш заедно. Подигнувајте си го еден на друг расположението кога и да е потребно. И кога е можно, обидете се да поминувате што повеќе време надвор од сѐ, без разговори за терапија, училиште, лекови, однесување, воспитување.

На двајцата ви е потребно тоа. Верувајте ми на зборот.

Најважно е да го поддржувате своето дете бидејќи вие сте неговиот глас и негов најдобар пријател. Така, кога околината ќе им каже дека во нешто е „премногу“ или „премалку“, нека погледне директно во вас со насмевка и нека знае дека е баш она што треба да биде“.



912

X