Зад нас се првите денови од градинка и училиште, а некои деца сѐ уште не успеале да се вратат на својата вообичаена рутина. Експертот за спиење Мартин Сили вели дека постои вкусна закуска која може да им помогне на децата полесно и побрзо да заспијат.

„Она што вашето дете го јаде пред спиење може да придонесе да спие добро. Овесните бисквити, бананите и млекото содржат триптофан, кој ја поттикнува поспаноста“, изјавил тој.

Се смета дека храната што содржи триптофан предизвикува сон, па затоа треба да се јаде еден час пред спиење за да се апсорбира правилно.

„Исто така, обидете се да бидете цврсти и не дозволувајте децата да станат од кревет кога ги гасите светлата. Дајте им до знаење дека кога ќе легнат, мора да останат в кревет. Ако стануваат, не реагирајте бурно, но вратете ги в кревет. Создајте правило – кога си во кревет, во кревет си до утрото“, предлага тој.

Многу е важно да ги отстраните сите електронски уреди најмалку два часа пред спиењето. Создајте вечерна рутина која вклучува вечера, туширање и приказна пред спиење, наместо да ги оставате децата да заспијат гледајќи цртани филмови.

Извор



912

X